По пристигнувањето пред Апелациониот суд колоната новинари и граѓани се упати кон Владата предводена од новинарот Томислав Кежаровски. Со него беа неговата сопруга Марина и ќерката.
На колоната по пат кон Владата се вклучија и претставници на Студентскиот пленум, политичари и граѓани, кои извикуваа: Слобода за Кежо и „Нема правда нема мир“.
Новинарите со маски со ликот на Кежаровски, порачаа дека сите застануваат зад новинарот кој е неправедно затворен.