(ВИДЕО) Кепевски: Граѓаните на општина Карпош се сведоци на 100 дена лаги, неспособност и неработење на Богоев

Од:

Карпош и граѓаните на општина Карпош се сведоци на 100 дена лаги, неспособност и неработење на Стефан Богоев. Стефан Богоев овие 100 дена буквално ги преспа и не отпочна ниту еден капитален проект за граѓаните, вели Томи Кепевски, од ВМРО-ДПМНЕ.

„За да ги добие симпатиите на граѓаните, Стефан Богоев ветуваше брда и долини за Карпошани, а откако ја доби власта и изминаа 100-те дена, не мрдна со прст.

Ветуваше чист воздух за сите, а дивите депонии растат на секој чекор, особено на потегот над речното корито на реката Вардар. Општината е нефункционална во поглед на одржување хигиена и чистота, а граѓаните се гушат во смог и ѓубре.

Ветуваше пренасочување на градежните активности од урбаниот дел на Карпош, во делот на Бардовци и Злокуќани, се со цел развивање на делот на овие две населби, а прекинување на зголемувањето на бројот на згради во урбаниот дел, за пред некое време да бидеме сведоци ние советниците дека Стефан Богоев очекува огромни суми на комуналии во новиот буџет. Сето тоа би било во ред, доколку Богоев не е фатен во лага, а тоа значи дека нема предвидено скоро никаква инвестиција за овозможување комунални услови за градба во Бардовци и Злокуќани, и со тоа уште еднаш се потврдува дека ги изманипулира граѓаните на Карпош и ќе никнат уште многу згради оваа година.

Стефан Богоев како и сите други негови партиски колеги, по насока на раководството на СДСМ избрка 100-тина вработени од општинската администрација. Тоа се луѓе со професионален ангажман со години наназад, кои беа избркани на улица за на нивно место да се вработуваат партиски војници.

Нема никакви најави од ветените паркови, базени, градинки и останати проекти.

100-те дена на Стефан Богоев ќе се паметат по загадувањето, дивите депонии, бркањето на луѓе од работа и донирани неколку прочистувачи на воздух во градинките.

Многу ветувања, а никаква реализација. Тоа е начинот на работа на СДСМ и Стефан Богоев“, изјави Томи Кепевски.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ