(ВИДЕО) Кекеновски: Груевски и Тодоров, имате ли видено кога дијабетичар ќе падне во кома?

Од:

Професорот Јове Кекеновски отворено застана зад дијабетичарите кои се борат да не им се промени инсулинот. Причина за тоа е неговиот син, кој од 12-тата година прима инсулин и ги знае сите проблеми со кој се соочуваат овие луѓе.

Според него инсулинската криза е вештачки создадена, а стрес доживуваат само пациентите кои од лекарите добиваат совети да не се нервираат бидејќи стресот дополнително ја поткопува болеста.

Кекеновски вели дека пациентите се вклучени во оваа болест „ни криви ни должни“, а личните, бизнис и партиските интереси се над интересот на болните.

„Јас разбирам дека до смена на инсулин како родител може да се дојде исклучиво само во договор со матичниот ендокринилог, а не да дојде како резултат на некоја суетна одлука на некој министер кој можеби денеска е утре не е. Последиците кои ќе настанат ќе бидат страшни по здравјето на пациентите. Би го прашал и министерот и премиерот, каква е таа сериозна грижа за пациентите, без око да им трепне кога велат дека смената на инсулинот нема да предизвика никакви последици. Дали некој им објаснил што значи не соодветното лекување на шекерот во крвта. Дали некој им објаснил што е хипогликемија, дали министерот видел кога дијабетичар ќе падне во кома каква е таа состојба за организмот, но и за оние околу него“, рече Јове Кекеновски.

Би можело да ве интересира

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!

(ВИДЕО) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави?

Горан Наумовски

Над половина милијарда лица со дијабетес во светот – Македонија со речиси 141 илјада случаи, една третина остануваат недијагностицирани

Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку – истражување за ризиците од корупција во јавните набавки во здравството