А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Видео Македонија

ВИДЕО: Катлановска Бања на диво лекувала пациенти со одобрени пари од ФЗО

by А1он02/05/2018 - 14:3902/05/2018 - 15:36411
Share0

Катлановска Бања со години на диво лекувала пациенти, без дозвола за вршење здравствена дејност. Бањата соработувала и со Фондот за здравствено осигурување, кој одвојувал пари за пациентите што се лекување во Катлановска Бања и покрај тоа што правниот субјект немал дозвола за оваа дејност.

Добивај вести на вибер

Вонредниот инспекциски надзор на Државниот санитарен и здравствен иснекторат утврдил дека во објектот на Катлановска Бања може да се врши бањско лекување, но не и медицинско, тврди директорката ДСЗИ, Ирина Бухова.

„Дополнително, во правниот субјект се затекнати тројца доктори кои не се државјани на Македонија, а немале дозвола од Министерството за здравство, ниту од Лекарската комора. ДСЗИ даде забрана за вршење здравствена дејност сè до обезбедување документација. Бањското лекување не влегува во измените на Законот за здравствената заштита, па, така, не може да се изврши надзор во тој дел“, вели директорката Бухова додавајќи дека нема податок за тоа од кога докторите без дозвола работеле во Бањата.

Бухoва вели дека Инспекторатот нема основа за изрекување казни бидејќи правниот субјект нема дозвола за медицунско лекување. Последниот надзор во Катлановска Бања бил извршен минатото лето, но тогаш инспекторите не евидентирале дека правниот субјект нема дозвола.

„Други неправилност има, но бидејќи немавме увид за вршење здравствена дејност, тие не се нотирани“, додава Бухова.

Нови пациенти во Катлановска Бања не смеат да се примаат, а оние што моментно се на лекување, ќе останат до крајот на третманите. Нормалното работење на Бањата ќе биде овозможено во моментот кога ќе биде приложена дозвола до ДСЗИ.

Кристијан Ландов

fzomkatlanovska banjazdravstvo

Би можело да ве интересира

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

Горан Наумовски27/03/2025 - 20:30

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Горан Наумовски09/03/2025 - 17:14

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Предраг Петровиќ28/02/2025 - 17:51

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски30/01/2025 - 12:2530/01/2025 - 15:04

Таравари: До крајот на годината решение ќе земат 1.100 вработени по договор на дело во здравството

Горан Наумовски18/12/2024 - 16:06

Поголеми плати во здравство, потпишан Анекс на Колективниот договор

Горан Наумовски06/12/2024 - 13:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен