Лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски има законско право утре да биде пуштен на слобода, вели адвокатот на Бошкоски, Константит Картовалиев. Според него, доколку диркеторот на затворот, Живко Пејковски не потпише Бошкоски утре да излезе на слобода, случајот ќе ситгне до обвинителството, дали постои злоупотреба на службената положба.
Тој вели дека нема објективни пречки лидерот на ОМ да не биде пуштен на слобода, а Судот и воспитачкиот кадар го потврдиле тоа. Според него, доколку има пречка, бидејќи не може да има жалба, ќе се обратат до обвинителството.
– Од она што го видов и можам да констатирам, Бошкоски е во перфектна психофизичка состојба, нема никакви притисоци, напротив смета дека сите услови кои се потребни му се овозможени. Очекува дека утре изутрина ќе замине од оваа установа, дека ќе биде потпишано решението како и на сите претходни лица кои што опслужувале казна затвор. Со директорот на затворот побарав средба, ми кажаа да почекам, по половина час бев известен дека имал итен состанок и дека нема да бидам примен, вели Кратовалиев.
Приврзаниците на Бошкоски најавија дека нема да се откажат од ослободувањето на Бошкоски, и ако треба ќе се соберат од целата држава пред затворот во идризово.
Александар Тодески