ВИДЕО: Карлеуша наполни струмички клуб, турканици и еуфорија наместо дистанца и мерки

Од:

Преполн клуб, еуфорија, забава без маски и дистанца. Ваква беше сликата од струмичкиот клуб „Аватар“ каде вчеравечер настапи српската пејачка Јелена Карлеуша. Дека успеале да го исполнат клубот до последно место, се пофалија и самите. Оваа забава се случува додека секојдневно во Македонија има над 600 новозаболени од корона како последица на непочитување на мерките, но и по неколку починати на ден кои ја изгубија битката со вирусот. Видеа од забавата сподели и Карлеуша, но и самиот клуб.

Сите скокаат, играат, пијат и се забавуваат. Од објавените материјали, се гледа дека гостите и позирале пред фотоапаратите и се фотографирале за социјалните мрежи, а ниту еден од нив, не носи маска за самозаштита.

Пазарниот инспекторат е информиран за настанот. Оттаму на кратко велат: „По однос на настаните, се сублимираат податоците“. Сепак, ако се погледнат одредбите од протоколот за организација на настани, тој е прекршен. Во него се налага меѓу присутните да има дистанца, а настаните на затворено да се организираат со 30% од капацитетот на местото каде што се одржува настанот и ограничен број на посетители до максимум 1.000 лица.

Веќе вечерва има нов концерт во истиот клуб. Сега, настапува Влатко Лозановски. Веќе утре, доаѓа и нова српска ѕвезда, а тоа е Мирза Селимовиќ. Во недела, свој настап ќе има Исак Шабановиќ.

Сите концерти се објавени во понеделникот, а од клубот посочија дека концертите не треба никој да ги пропушти. За сите се плаќа влез.

И во текот на минатата година, „Аватар“ организираше низа забави. Пазарните инспектори постојано интервенираа, го затвораа, но сопствениците наоѓаа начини за повторно да работат. Па така, кога клубот сред летна сезона доби пломби на вратите, поради непочитување на ковид-протоколите, се пререгистрира во кафе-бар и продолжи со работа. Од понеделник, со новите протоколи, клубот нема да смее да работи во затворениот дел.

 

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајна несреќа во Струмица, повредени неколку лица

А1он

Струмичани ќе се возат во јапонски автобуси од 700.000 евра

Орце Костов

Најмногу дожд во Струмица

Во Струмица мерки за заштита од загадениот воздух

Мајка од Струмица e осомничена за запуштање и малтретирање на дете

Горан Наумовски

Трите деца од семејството на девојчето кое се лекува од тешки повреди во Клинички во Скопје ќе добијат старател

Катерина Ѓуровски