(ВИДЕО) Каранфилова – Пановска: ЕУ вели дека Македонија погрешно ги води јавните финансии

Од:

Поради талогот кој го има од политичките критериуми во овој европски извештај и во сите претходни, многу мал дел од дебатата сме посветувале на тоа што има во економските критериуми, како Европската комисија го цени развојот на нашите економски политики и дали тоа што гарнитурата на власт години наназад јавно промовираше сериозен економски развој е вистина или не и дали тоа така е гледано од страна на Европската комисија, рече извршната директорка на Фондацијата отворено општество – Македонија, Фани Каранфилова – Пановска на дебатата насловена „Итни реформски промашувања“.

– Дебатата за економските критериуми и што ни се случува со економијата е многу важна затоа што тоа е еден маѓепсан круг, последиците од тука влијаат на оној дел што значи владеење на право, демократија и човекови права и обратно, начините на кој што се узурпираат правата, демократијата и така натаму, често се случува да се прави со помош на економски или финансиски инструменти на гарнитурите на власт, смета Каранфилова – Пановска.

Таа истакна дека Европската унија воведе нов систем со кој ги следи и државите кои се дел од проширувањето, кој е идентичен на оној со кој се следат членките на унијата.

– Од почетокот на 2015 година, Република Македонија е дел од процесот на мониторинг на економското управување со тоа што покрај сите други обврски кои владата ги има вис а ви ЕУ и изготвувањето на разни документи поврзани со политиките, има обврска на први јануари секоја година да изготви програма за економска реформа во која што треба јасно да ги нотира сите состојби поврзани со јавните финансии поврзани со економските политики, вработеноста, невработеноста и делот за образовните политики и иновациите кои се воведуваат како новитет во последниве две години, нагласи Каранфилова – Пановска.

Европската комисија, вели Каранфилова –Пановска, цени дека во Македонија има погрешно водење на јавните финансии, дека доказ за тоа се постоено растечките дефицити.

– Во изминативе три-четири години, редовно процентот на буџетски дефицит од планираното, во моментот на реализација постоено е зголемен иако ветуваат дека ќе го намалат. Европската комисија коментира дека нема основа да се цени дека е можно да се намали внатрешното задолжување и буџетскиот дефицит затоа што мерките кои владата ги предлага тоа да го направи се несоодветни, односно се базираат на оптимистични процени за тоа како ќе расте економијата, со други зборови кажува дека тоа што владата вели дека растот на брутодомашниот произвот ќе биде на некој процент не е реалистично, рече Каранфилова – Пановска.

Би можело да ве интересира

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

Како гласаa Македонија и регионот за резолуцијата со која се зацврстува статусот на Палестина во ОН