(ВИДЕО) Камиказа: Ми крадат идеи, Стевчо Јакимовски се сликаше пред „Македонско село“

Од:

Јас сум роден во Скопје, а скоро 45 години поминав во Карпош. Значи 66-та се преселив во Карпош, тогаш тоа беше обмислена населба. Па потоа дојде Карпош 4, се додека не дојдоа овие сатрапиве криминални. Основно училиште завршив во Карпош 3, факултет во Карпош 1, значи апсолутно Карпош, рече во Влае, кандидатот за градоначалник на Скопје, Петар Георгиевски Камиказа.

-Најбитна работа за мене е Партизан 4, мојот надимак Перо Камиказа го добив во Партизан 4. Тогаш имавме 450 деца, екипата беше составена од 6 члена која се такмичеше низ Југославија. Јас бев единствен македонски егеец кој успеа да се пробие во тие шест деца, рече тој.

Партизан 4 мора да биде приоритет и на градоначалникот на Левица, а ќе направиме со моја помош да воскресне Партизан 4, а ние постарите да играме кошарка и пинг понг. Тоа е приоритет број 1. Број два, младината која ни бега од Скопје и Македонија. Има една фабрика која пропаѓа со години, Купром, ние ќе направиме младински инкубатор, таму младите ќе творат, алтернативни сликари, бендови, музичари ќе имаат простор да творат, рече Камиказа.

Ми крадат една идеја, цело време ми крадат, Стевче Јакимовски се сликаше со „Македонско село“, а јас изјавив дека „Македонско село“ ќе биде колонија на сликари на овие млади уметници од Ликовна академија каде ќе можат да творат, а данокот на додадена вредност да влезе во касата на општина Карпош, да може да го одржува тој проект.

И најважното, спорт, јас прв кажав, па сите тартан стази ќе прават, па почнаа точаци да возат. Еве го и градиначалникот на Ѓорче Петров е тука. Таму имам во Горче Петров вежбано. Стазата на која сега постои се возат точаци, се трча и се прават несреќи. Ние ќе направиме тркачите да имаат своја стаза, на средина тревник, а оние кои имаат миленичиња тука ќе ги шетаат, ги образложи своите проекти Камиказа.

Би можело да ве интересира

Попов: Дали додека крати средства за животна средина Арсовска обезбедила пари за фирмата на Перо Камиказа?

А1он

ДИК одлучува по приговори од вториот круг на изборите за градоначалник на Дебар

Ана Ололовска

Избори за градоначалник на Дебар: Дука од ДУИ – 4.291 глас, Поцеста од АА/А – 4.153

А1он

Хекуран Дука го победи Беким Поцеста во Дебар за 138 гласа

Катерина Ѓуровски

Дука прогласи победа во Дебар

Ана Ололовска

Во Дебар затворени гласачките места

Ана Ололовска