ВИДЕО: Камења, летви и пластични шишиња летаат пред Собранието

Од:

Летви, камења и пластични шишиња летаат пред Собранието меѓу двете групи. Едната како поддршка на опозицијата за неносење на ненародниот и расипнички буџет, втората организирана од власта, во одбрана на буџетот.

Поддржувач на владејачките партии упадна, го одзема и го запали државното знаме од поддржувач на опозицијата. Од камен фрлен од страна на поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ, во нога е погоден 70-годишен човек и е пренесен во Градската болница.

Оние кои вчера се организираа како невладина организација Фронт за народот, Фронт за Македонија, носат транспаренти со натписи „Бранко готово е“, „Цел народ против Бранко“, „Студентите против Бранко“.

Носат македонски знамиња, но и знамиња со 16-кракото сонце. Припадниците на опозицијата носат државни и партиски знамиња.

Силен кордон на полиција во целосна опрема ги разделува двете групи за да не дојде до посериозен инцидент, но состојбата е крајно напната и тензична.

Би можело да ве интересира

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Идентификувани слабости во планирањето, прераспределбата и реализацијата на буџетските средства за 2024 година

Катерина Ѓуровски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски