(ВИДЕО) Калевска-Ванчева: Законот за ЈО обезбедува политиката да остане надвор од изборот на обвинителите

Од:

„Јавната расправа за Законот за јавно обвинителство во Собранието продолжува и денеска. Од вчерашната дебата јасно се истакна потребата од носење на квалитетно законско решение кое ги зајакнува капацитетите на правната држава.

Како и досега, ВМРО-ДПМНЕ остана доследен противник на Законот. Наместо на страната на правдата, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со своето однесување останаа на страната на криминалот.

Законот за јавно обвинителство овозможува сите предмети на СЈО, но и сите останати случаи, да имаат професионална и објективна завршница, затоа што то е начин да се врати довербата на граѓаните во правосудниот систем“, рече Снежана Калевска-Ванчева, пратеничка на СДСМ.

„Она што е битни и она што ова законско решение го обезбедува е тоа политика да остане надвор од изборот на обвинителите. На тој начин им се остава простор за независно, стручно и објективно постапување.

Сите демократски капацитети во државата и нашите стратешки меѓународни сојузници го поддржуваат законското решение кое обезбедува независност и професионалност на јавните обвинителства.

Законот за јавно обвинителство не е никаков услов пред ЕУ но со неговото донесување создаваме дополнителен аргумент, покажуваме демократски капацитет за градење на силни, независни институции кои ќе се борат против криминалот и корупцијата.

Тоа е важно за државата, за правдата и за сите граѓани.

Убедени сме дека свесноста кај пратениците од важноста за овој Закон е голема и дека по влегувањето во собраниска процедура ќе биде обезбедено потребното мнозинство за негово донесување“, изјави Снежана Калевска-Ванчева, пратеничка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он