(ВИДЕО) Калеска –Ванчева: Пратениците да го поддржат Барањето за автентично толкување на членот 11

Од:

„Во името на заштитата на правдата ги повикуваме сите пратеници, од сите парламентарни партии, пред се пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, да го поддржат барањето на СДСМ за автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување.

Најважно во овој момент е да се затвори нелегалната аболиција на Иванов и да се обезбеди одговорност пред законите на сите оние коишто ги прекршиле.

Наместо да се занимава со несериозни и неиздржани предлози, Христијан Мицкоски треба да ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат барањето на СДСМ“, рече Снежана Калеска –Ванчева, пратеничка и координаторка на Форум на Жени на СДСМ.

„Затоа Мицкоски прво нека ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за Барањето, а потоа може да се дискутира и за други предлози.

Последните скандалозни случувања во правосудството јасно покажуваат дека и зад најавите од Уставниот суд, стојат структури на ВМРО-ДПМНЕ.

Уште еднаш се докажа дека Мицкоски работи исклучиво во корист на неговиот ментор од Будимпешта и фамилијата.

СДСМ се бори за правдата да биде задоволена, нема да дозволиме амнестии, нема да дозволиме остатоците од режимот и инсталациите од сваровски судството да ја попречат правдата.

Граѓаните очекуваат правда и правда мора да има“, изјави Снежана Калеска –Ванчева, пратеничка и координаторка на Форум на Жени на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он