(ВИДЕО) Калеска-Ванчева: Неодговорното ДПМНЕ го блокира Законот за здравствена заштита и работи против функционално Собрание

Од:

„Опозицијата во Собранието предводена од ВМРО-ДПМНЕ преку неодговорно и незрело однесување работи на штета на интересите на граѓаните и државата.

Во време на пандемија, ВМРО-ДПМНЕ со над 500 амандмани се обидува да ги блокира измените во Законот за здравствена заштита, кои предвидуваат лекарите што ја исполниле старосната граница за пензионирање да можат да го продолжат работниот век до возраст од 67 години“, рече Снежана Калеска-Ванчева, пратеничка и координаторка на Форум на жени на СДСМ.

„3.000 амандмани, најмногу од нив апсурдни и нелогични, поднесе ВМРО-ДПМНЕ заедно со другите опозициски пратеници за измените на Деловникот за работа на Собранието, со единствена цел да спречат пратениците кои се во изолација да можат да работат од далечина.

Функционирањето на Собранието го блокираат за да не може да им се помогне на најранливите преку реализација на четвртиот пакет економски мерки. Ја кочат помошта за македонската економија, го кочат и пописот и речиси и да не постои тема овде во Собранието за која ВМРО-ДПМНЕ покажува конструктивност.

Истовремено, антинародното и деструктивно дејствување на ВМРО-ДПМНЕ продолжува и надвор од законодавниот дом.

ВМРО ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски продолжува со некрофилска кампања и целосна неконструктивност.

Наместо да повикаат да се носат маски, да се одржува дистанца, тие, спротивно на препораките, се групираат повторно, организираат протести за спас на фотелјата на Мицкоски.

Ниту еднаш немаат повикано да се почитуваат мерките, како да сакаат да има што поголем број заболени, за после да напаѓаат, каква некрофилија.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се изгубени во просторот и времето, наместо да работат за доброто на граѓаните, прават се за да биде полошо.

Ако се барем малку одговорни ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски треба да прекинат со блокади на крстосници, наместо да бројат мртви, да повикаат да се почитуваат мерките, да се откажат од блокадата на собранието и да го поддржат пописот.

Колку и да е за несфатливо за ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, тие нема да успеат да ги блокираат реформите, да го блокираат напредокот на државата.

Реформскиот процес во интерес на граѓаните и државата продолжува“, изјави Снежана Калеска-Ванчева, пратеничка и координаторка на Форум на жени на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните