(ВИДЕО) Калеска -Ванчева: Македонското здравство има капацитет и успешно се справува со коронавирусот

Од:

„Македонското здравство има капацитет и успешно се справува со вирусот Ковид-19 и во услови кога има покачување на бројот на новозаразени.

Здравствените установи не се оптоварени, капацитетите се празни, а голем дел од новозаразените се или без симптоми или се со благи симптоми и се на домашно лекување, појава што ја има и во други земји.

Но сепак, останува заедничката одговорност да се заштитиме од коронавирусот. Изборот е јасен – или ќе ги почитуваме мерките за заштита или ќе мора повторно да се враќаме на рестриктивни мерки, како што е карантинот или полицискиот час“, вели Снежана Калеска -Ванчева, координаторка на Форум на жени на СДСМ.

„Затоа е неопходно сите заедно, безусловно да ги почитуваме мерките за заштита. Да носиме маска секогаш кога е тоа потребно, да држиме физичка дистанца и да не се групираме.

Само на тој начин ќе се заштитиме од вирусот, бројот на новозаразени ќе опаѓа, исто како што опаѓаше кога сите се однесуваа одговорно и доследно ги почитуваа мерките.

Сите овие поголеми бројки, на кои сведочиме деновиве, се директна последица на неколку фактори.

Прво од неработењето и саботирањето на мерките од страна на Наќе Чулев. Наместо да преземе одговорност да се спроведуваат мерките и задолженијата, Чулев јавно порача дека нема да казнува и со тоа поттикна масовно кршење на мерките.

Целата јавност ги гледаше масовните прекршувања на забраните за собири и движења и бројните прекршувања на полицискиот час, само Чулев ги игнорираше и свесно не преземаше ништо.

Со тоа тој свесно го загрози јавното здравје и придонесе да имаме вакви бројки.

Второ, како што објави Министерството за здравство, тековните тестирања се таргетирани во познати кластери и затоа бројките се поголеми. Тоа значи дека се тестира во точно утврдени фамилии и населби и дека здравствениот систем добро знае што прави.

Она што е добро е што кластерите се семејни и дека тие кластери се под контрола.

Сите ние треба да знаеме дека нови случаи ќе има и понатаму, и сега, и среде лето, и на есен, но важно е тие да бидат што помалку, за да не се оптовари здравствениот систем.

Како одговорни граѓани треба да дадеме сериозен придонес во личната и колективна заштита од вирусот. Само така ќе го заштитиме нашето здравје и здравјето на нашите блиски и побрзо ќе ја надминеме оваа состојба“, изјави Снежана Калеска -Ванчева, координаторка на Форум на жени на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ја слушнавме пораката од граѓаните и ја прифаќаме, ќе продолжиме да се бориме

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, СДСМ нема да се откаже од европската иднина на државата

Предраг Петровиќ

Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, веројатно разликата ќе биде околу 130 илјади гласови

Александар Тодески

(ВИДЕО) Кузеска: Ги очекуваме резултатите, уверени сме дека граѓаните ќе ја поддржат европската иднина

Александар Тодески

Од 714 обработени избирачки места, 44 отсто од гласовите се за Сиљановска, 19 отсто за Пендаровски, покажува статистиката на ВМРО-ДПМНЕ

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

Орце Костов