(ВИДЕО) Калајџиев: Одземањето на предметите од обвинителството покажува дека некој има страв

Од:

На специјалниот јавен обвинител треба да му се остави период од неколку недели за да формира тим од доверба, тим од обвинители и тим од истражители. Ако се тие безобразни да ги одземаат предметите од обвинителството, замислете како ќе биде кога ќе треба пари да му дадат на тоа специјално обвинителство, рече професорот Гордан Калајџиев на дебатата “Каков специјален јавен обвинител и е потребен на Република Македонија “ во организација на ФООМ.

Според Калајџиев, во нормална држава со нормални политичари досега ќе имаше оставки на носечките фукнции.

-Премиерот ме изненади со тоа дека се ќе му даде на јавниот обинител. Не му верувам зашто не заслужил како и многу други. Не вовлекуваат во ненормални ситуации, рече Калајџиев и се осврна на одлуката за судот снимените материјали да не се доказ.

-Се надевам дека некој ќе одговара, ова е проблематично, од аспект на практиката е чудно. На ниеден адвокат не му успаеало во оваа фаза, чудно е какво се заведени тие предмети со број, тоа се предмети во рана фаза, кога има проверки. Чудно е како адвокатот успеал да ги издвои предметите од сите други. И не знаеме дали само тој има поднесено вакво барање, има многу туку чудни работи кои треба да се испитаат, исклучиво и роковите, и што е до сега направено, рече Калајџиев.

Самиот начин на одземање на предметите во обвинителството бил насилен, обвинителите се препаднати и не сакат да зборуваат за тоа.

Прашањето за доказите е доста комплексно, и не можело да се реши без да има расправа за тоа. Политички е некоректно што не го дочекале специјалниот јавен обвинител и се покажува страв дека сепак тој може да направи нешто што дава некакво охрабрување, рече Калајџиев.

Според него со новата надлежност на обвинителот случајот ќе се ресетира, и не e исклучено дека доказите може да се појават во некоја друга фаза, со оглед дека вредноста на која се повикуваат не е многу силна, тоа не се докази за тортура врз невини граѓани, туку се работи за сомнение за криминал на водечката владеачка структура.

Калајџиев смета дека опозицијата треба поинаку да ја води целата дебата за специјалниот јавен обвинител.

-Мислам дека целава приказна лошо ја води опозицијата, и натаму да ги држи надвор професионални здруженија, НВО секторот, ние сме доведени во ситуација да се одлучува за еден суштински закон кој ќе има влијание на историјата на Македонија-дали ќе успее да почне одново да се создава правната држава.

Во таа смисла мислам дека чекорите што претстојат, јавноста не треба да влезе во стапица дека рокот до 15 септември е даден од Господ, за жал и опзицијата влегува во стапицата, па и кандидатот што ќе го предложат не треба да го прифати легитимитетот на политичките партии. Тие четворица лидери на партии не може да дадат легитимитет на една ваква сериозна институција, рече Калајџиев.

Според него, на специјалниот јавен обинител ќе му требаат две до три недели да формира тим околу него.

-Ја разабирам позицијата, не ја разбирам опозицијата, јас со кандидатите ќе разговарав уште пред неколку месеци, и од нив треба да зависат некои од условите. Зарем мислите дека така лесно некој ќе ја остави својата работа, и ќе ја стави главата во торба преку ноќ? Да имавме ние спремни обинители, немаше само Марко Зврлески да се јави на огласот за обвинител. Лично ги поканив и Зврлески и Илиевски , рекоа во некоја друга прилика, рече Калајџиски на дебатата на која не се појави ниту еден обвинител.

Би можело да ве интересира

ОЈО: Двајца пензионирани полицајци и уште едно лице оддавале тајни на организираната криминална група „Дуќанџик“

Известување за притисок врз скопското вишо јавно обвинителството доставено до Советот на јавни обвинители

Обвинителство: Материјалот за случајот со поранешната министерка за култура е пристигнат и се проучува

ОЈО доби ново одделение за сериозен и сложен криминал

Претреси за финансиски криминал на повеќе локации

Предраг Петровиќ

ОЈО: Маж од скопското село Грчец и се заканувал на новинарка

Горан Наумовски