Кога пред 3 години владата одлучи да дозволи увоз на стари возила, малку се размислуваше какви ефекти ќе има тоа врз Скопје, неговите улици и паркинзи. Владо Апостолов е на трагата на новоувезените 43.000 возила во Скопје. Каде се паркираат сиве овие коли, кому плаќаат, и кој ги гради скопските паркинзи?
Во разговор со сегашни и поранешни градоначалници, универзитетски професори и истражувачи на паркинг проблематиката се доаѓа до зачудувачки информации во однос на потрошените јавни пари, загрозената безбедност на граѓаните и квалитетот на животот во главниот град.
Продукција: Плоштад Слобода
Март 2013