Централно место во барањата на ЗНМ за промени во медиумската сфера е забраната на политичкото рекламирање од страна на власта. Според анализата на ЗНМ, Владат во 2012 била најголем огласувач во приватните национални телевизии во Македонија.
„Сè додека Владата продолжува да биде еден од најголемите огласувачи во медиумите постои висок потенцијал и ризик за корупција во оваа сфера“, се потенцира во анализата.
-Ова е извештај од една национална телевизија од кој можеме да видиме дека
најголемата политичка во предизборната кампања, има 107 000 секунди и требала да плати 8 милиони денари, а според овој документ не е платено ништо . Најголемата опозициона партија има 1500 секунди, односно 70 пати помалку, а платила околу 100 000 денари со тоа што не го наплатила целиот долг. Значи цените се ниски и некој плаќа, некој не. Според извештај на ВМРО -ДПМНЕ за тоа колку пари имаат дадено телевизиите се гледа дека цените се движат од 10 милиони денари па надолу. Владејачките партии, може да се каже дека политичкото рекламирање го плаќаат од јавни пари. Зошто? Затоа што во меѓуизборие, владата преку владини кампањи и поддршка за домашна продукција им ги компензира на медиумите , они средства што им ги должи од изборите, презентираше Драган Секуловски од ЗНМ.
Владата во последните 5 години е меѓу првите огласувачи во медиумите
– Од извештаите на Владата може да се види дека годишна таа во медиумите вложува помеѓу 6,5 односно 7 милиони евра. Ако претпоставиме дека медиумскит пазар во РМ е околу 20 милиони евра, тоа значи дека Владата дава над 30 отсто од парите за медиумите. Се наметнува прашањето дали пазарот е здрав или не, рече Секуловски.
Ваквата состојба, според ЗНМ, создава клиентелистички однос меѓу медиумите и Владата и медиумите наместо да служат на јавниот интерес, служат за политичка пропаганда. Од тие причини, предлог на ЗНМ е да се забрани политичкото рекламирање. Посебен дел од анализата е состојбата со МРТВ за кој се предлага промена на начинот на финасирање и менаџирање на јавниот сервис.