ВИДЕО: Како се местеше и договараше апсењето на Љубе Бошкоски

Од:

Специјалното јавно обвинителство денеска на прес конференција го отвори случајот „Тортура“. Поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков се сомничи дека поттикнат од политичка одмазда, нарачал апсењето на Љубе Бошкоски, да биде спроведено на насилен начин.

Обвинителката Фетаи опиша дека Бошкоски при апсењето бил малтретиран, заплашуван, навредуван со пцовки и половина час бил држен прилепен со лицето на полски тоалет.

Љубе Бошкоски беше уапсен на 6-ти јуни 2011 година, ден по парламентарните избори, под сомнение за Злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања. Апсењето на Бошкоски се најде и во извештаите на Стејт Департментот од 2011 и 2012 година, во кои беше нотирано дека Македонија е земја на политички затвореници.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, пред една година, објави снимка по телефон за која кажа дека е разговор помеѓу Сашо Мијалков со уредникот на Сител, Драган Павловиќ Латас и се договараат како ќе се известува за апсењето на Љубе Бошкоски.

Транскрипт од разговорот

ДПЛ: Кажи началниче.
СМ: Ало?
ДПЛ: А?
СМ: Може и поубави слики да идат, слабо ми е да знаеш. На Канал 5 три пути боље, што е работата?
ДПЛ: Не гледав на Канал 5.
СМ: Ајде ова треба да го продадеме јако, да му е.. мајката.
ДПЛ: Види па пет дена ова ќе го вртиме, што јако.
СМ: А?
ДПЛ: Па пет дена ова ќе го вртиме.
СМ: Има поубави, како лежи на земја, како…. Држи таму ти жити се.
ДПЛ: Сега ќе и кажам. Ја сум утре, ја утре пак ќе го раскажувам, не се секирај.
СМ: Утре? Добро ама и за денеска знаеш. Ама добро денеска помина, ама за вечер може да се види нешто поубаво.
ДПЛ: Ќе се јавам ја пак, ајде.
СМ: Добро, вечер ќе има изнесување од суд, внесување од суд. Али кога лежи доле, на улица лежи бе као говедо. А?
ДПЛ: Кога го враќаат кај колата е добро да се слика и тоа.
СМ: А тоа сега ќе видам.
ДПЛ: Ќе им кажам на овие сега таму.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев објави и снимка по телефон за која што кажа дека е помеѓу министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и нејзиниот портпарол Иво Котевски, кои договараат како да се информира за апсењето на Љубе Бошкоски.

Транскрипт од разговорот

ГЈ: Да?
ИК: Ало, само да прашам зошто ептен нема време, а бараат и веснициве. Фотки?
ГЈ: Дај им бе.
ИК: Имало на снимкиве некои, малку —- како што ми кажа, јас сега се качувам према канцеларија, понасилни, односно.
ГЈ: Па нека одбере поненасилни.
ИК: Така и јас мислам. Легнување на асфалт може, ама Пуки или некој од другиве му бутале пиштол у уста.
ГЈ: Тие нека не ги даваат.
ИК: А легнување на асфалт може така?
ГЈ: Да бе да.
ИК: Тоа е културно што.
ГЈ: Да бе, и цело Скопје го виде.
ИК: Да бе, па и Штрос Кан го апсеа со лисици. Овие морониве од А1 ме прашуваа за ова.
ГЈ: Ок, ај да гледам А1 сега, се договориме за ова.
ИК: А Телма ме прашуваше за убиено дете на плоштад. Идиоти.
ГЈ: Ок, ајде, ајде чао.

По апсењето на Љубе Бошкоски, министерката за вантрешни работи Гордана Јанкулоска и Мартин Протогер договараат како медиумите да известуваат, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Транскрипт од разговорот

МП: Еј Гоцо.
ГЈ: Што праиш бе?
МП: Еве бе. Ти?
ГЈ: Еве и ја.
МП: Што има?
ГЈ: Ништо бе. Ова ќе помине добро?
МП: Кое? Да бе да.
ГЈ: Добро да прашам.
МП: Кај нашиве добро, овие А1 ја ваделе жена му плачела, кај е маж ми, правна држава, нема каде да се обратам, монтирани случаи, Јохан, Соња.
ГЈ: Каква врска има Јохан, Соња?
МП: Кубела коси. Добро е да кажете за што е знаеш.
ГЈ: Кажавме, кажавме.
МП: Кажавте се?
ГЈ: Да, Иво имаше прес, ама сега заврши, знаеш пошо..
МП: Што кажа на прес, што кажа?
ГЈ: Незаконско финансирање на кампања, во три наврати давани му се пари, еднаш десет, па дваесет, па сто илјади, фатен со парите. Тоа што може да се каже ама ептен, јас ги видов снимките нашиве што ги направиле ептен, кесиче од Зара и од кесичево стотки искачаат.
МП: Дали ние можеме…?
ГЈ: Крцка кесичето, пуно со паричиња.
МП: Чекај, дали ние можеме освен ова да, муабетот да го пуштиме?
ГЈ: Зависи во каква форма муабетот?
МП: Да кажеме што било. Дознава Канал 5 дека тоа и тоа. Да го продаде името, да направи ова?
ГЈ: Ај да го чуваме тоа за од утре-задутре, да ја напишам пријавата денес, оти знаеш денес мораме да ја исфорсираме да имаме пријава за да нема простор за тензија, он кога ќе си влезе во Шутка друг е муабетот више кога е внатре.
МП: Слушај, јас од утре му ги зимам сите комитети. Во рок од недела дена му ја распаѓам партијата, сите во цела држава.
ГЈ: Тоа е супер, ама треба да направиме Мартин и еден список, да ги сотреме.
МП: Како да ги сотреме?
ГЈ: Па така, не може некој што душа ни вадел во кампањава плата да му даваме ние во институцииве. Еве кај мене на пример тие што му биле обезбедување, нема бе да работат во МВР. Нигде нема да работат.
МП: Не, не, не, вака сега, на главните луѓе тие што ни беа највака, треба показна вежба. И више на Билјана, на Томче тие ги бркаме му кажав на овој, од денеска, на клоци.
ГЈ: Да, да, епа види овие што се џандарите од кај мене на пример му биле на листи на Љубе.
МП: Значи тие луѓе најмногу што не плукале. Другите оние обичните што се завеани, од некои други, и знаеш некои имало…
ГЈ: Да де наше членство, што би рекол Б.Ц гревови го излажале. Ама Томче не може бе цела фамилија во ПИОМ да му работи, Билјана не може, не знам…
МП: Тоа јас ќе го завршам.
ГЈ: Тие што му се, не знам оваа Наталија кај му работи, сите тие што му се вака најекспонирани треба вака да им се отчита лекција. И плус на комуњарите исто. Не може бе некој кај Рада у штаб вчера седи на прес, а да работи во институција државна. Е сега ја не ги знам кои се, ама претпоставувам дека. Треба една јака анализа, до формирње на нова Влада да ги исчистиме.
МП: Дозволи.
ГЈ: Се претераа. Мислам душа ни извадија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хрватска го отфрли обвинението против Љубе Бошкоски за „Раштански Лозја“: Заврши мојот политички прогон од две децении

Маја Илиевска-Пачемска

Вработени во МВР кои прибирале докази за Бошкоски, не знаат кој дал наредба за неговото апсење

Ана Ололовска

Правобранителот не постапил за апсењето на Бошкоски поради судската одлука дека не била употребена прекумерна сила

Ана Ололовска

Чавков: Не се сеќавам дали знаев за апсењето на Љубе

Ана Ололовска

Љубе беше депресивен и разочаран, сведочеше затворскиот психијатар

Ана Ололовска

Стојков за апсењето на Љубе: Не се сеќавам што сум кажал во СЈО, сведочев од 1 до 8

Ана Ололовска