Кај 21-годишен скопјанец пронајдени се четири килограми марихуана

Од:

МВР информира дека денеска од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по претходно обезбедена судска наредба за претрес на дом и други простории, извршен е претрес кај А.С.(21) од Скопје.

При претресот, во помошна просторија која ја користел А.С. се пронајдени и одземени четири килограми марихуана, 18 паковки кокаин, една дигитална вага, еден боев пиштол ЦЗ 7.65 со пет куршуми итн.

А.С. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл. 215 и 396 од КЗ, по итна постапка.

Би можело да ве интересира

Алиу: Продолжува контролата – уште три лиценци за марихуана ќе бидат одземени

Тошковски: Сите инволвирани во шверцот на марихуана во Србија ќе одговараат

Шест компании останаа без лиценца за одгледување канабис, Мицкоски најави нови акции

Алиу: Одземени се лиценците на шест компании кои одгледуваа марихуана за медицински цели

Горан Наумовски

Кривична пријава за десетмина поврзани со запленетите 40 тони марихуана

Филипче: Немам врска со било која фирма за марихуана, власта прави дефокус од скандалот со 5 тони дрога