(ВИДЕО) Каевски: Скандал со парцели од 30.000 квадрати во Долно Соње води кон градоначалникот на Сопиште, Трпковски

Од:

„Скандал со парцели во Долно Соње води директно до актуелниот и сегашен кандидат за градоначалник поддржан од Христијан Мицкоски, Стефче Трпковски. Погледнете ги овие 28 имотни листови. Бројни парцели, со илјадници метри квадратни во Долно Соње за краток период станал сопственик само еден човек, близок до градоначалникот“, рече Дарко Каевски, пратеник на СДСМ.

„Хектари се во прашање овде, над 30 илјади метри квадратни купено земјиште за само неколку години. Како е можно еден човек близок до актуелниот градоначлник Трпковски за краток временски период да купи 30 илјади метри квадратни земјиште?

Дали станува збор за дил ориентед релации кум-кумашин, како во времето на Никола Груевски и богатење на грбот на граѓаните?

Сите надлежни институции имаат обврска по допрен глас да го проверат овој случај и да ја информираат јавноста

Градоначалникот на општина Сопиште Стефче Трпковски треба да излезе пред граѓаните и да објасни како негов близок за само неколку години станал сопственик на илајдници метри квадратни земјиште.

Која е улогата на Трпковски во овој скандал со „парцели во Долно Соње“ од 30 илјади метри квадратни?

Очигледно актуелната локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во општина Сопиште и градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ ги повторува и утврдува лекциите научени од времето на Никола Груевски“, изјави Дарко Каевски, пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“