(ВИДЕО) Каевски: Шефот на обебзедувањето на Мицкоски тепа полицајци, ВМРО-МВРО на дело

Од:

Шефот на обезбедувањето на Христијан Мицкоски тепа полицајци. Ноќеска, пред кафе барот Мош во Скопје, шефот на обезбедувањето на Мицкоски, Ивица Бисовски, физички нападнал полицаец. Иако и самиот е полицаец шефот на обезбедувањето на Мицкоски се обидел да спречи полициска акција за дрога вели пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски.

– Затоа е тепан полицаецот, инспектор од НТШ, за борба против дрога. Напад на полицијата, напад на полицајците е напад врз државата. Станува збор за истиот Ивица Бисовски кој во време на ковид пандемијата беше заедно со Мицкоски во теретаната а потоа и во кафана на Боемска улица иако беше забрането. ДПМНЕ секој ден го покажува своето вистинско насилничко и криминално лице. Доволни беа неколку денови откако влегоа во техничката Влада. ВМРО-МВРО е на дело, повторно. Овој скандал отвора многу дилеми за улогата на Мицкоски и ВМРО-МВРО. Очекуваме одговори од министерот Тошковски и од Христијан Мицкоски, вели Каевски.

Би можело да ве интересира

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Мицкоски: Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ поради вештачки прашања

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија

А1он

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

Мицкоски чека одговор од студентите за владиниот предлог за студентски оброк

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски