(ВИДЕО) Каевски: Имаме историска шанса, сериозна поддршка од ЕУ и САД за продолжување на европскиот пат

Од:

Антиевропското делување на Мицкоски и ДПМНЕ е на директна штета на граѓаните и државата. Обидот за блокада на членството во ЕУ е обид за загрозување на македонската иднина. Блокада на европскиот пат ќе значи 11 загубени години во изолација, загубени 10 милијарди евра од европските фондови и неизвесна иднина. Прескапа цена е тоа за нас како држава но и како народ и тоа не смее да се случи. Се одвоивме од Хрватска и заостанавме 17 години во чекалната. Ако се одвоиме од Албанија, Црна Гора и Србија, никој не гарантира дали некогаш ќе биде можно да станеме земја членка на ЕУ, изјави на прес-конференција, Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ.

-Целосна европска интеграција не е само стратешка цел, членство во ЕУ е нашата единствена алтернатива и желба на граѓаните заради подобар живот. Македонските граѓани сакаат да живеат во ЕУ затоа што тоа значи подобар животен стандард, подобра инфраструктура, економски напредок, социјална правда, врвна демократија, подобро владеење на правото. Граѓаните сакаат децата да им останат дома и тука да си ја градат иднината. Граѓаните се за интеграција, а не изолација.

Имаме можност да се движиме напред кон подобро, кон полноправно членство на ЕУ до 2030 година. Имаме историска шанса, сериозна поддршка од ЕУ и САД за продолжување на европскиот пат. Не смееме да дозволиме да го загубиме овој моментум. Преговарачката рамка е усвоена од сите 27 земји членки и таа обезбедува и гарантира целосна заштита на македонскиот јазик и идентитет. Не може државата да биде заложник на кариерата на антиевропски политичари. СДСМ ќе направи сѐ за да државата да оди напред, ќе направиме сѐ за граѓаните да живеат во европска држава, со европски животен стандард – рече Каевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел