ВИДЕО: Каде се сега Миленко, Бранко, Љубчо и Груевски, прашаа демонстрантите пред Собранието

Од:

Дел од демонстрантите пред Собранието кои говореа на бината додека Собранието се подготвуваше да ја почне седницата на кој атреба да се расправа за Законот за употреба на јазиците, ги прозваа дел од македонските политичари.

„Каде е Миленко? Каде се професорите? Каде е Бранко Црвенковски? Каде е Љубчо Б`лгарчето?“ говореше демонстрант со македонското знаме во рацете.

„Дојде и Грујо наш, човекот кој можеше да биде ѕвезда на македонското небо, ама тоа проклето да се зема повеќе од што треба, го стави таму кај што не треба“, рече eден од демонстрантите.

Тој го прозва и актуелниот премиер Зоран Заев, кој како што рече работел против интересите на Македонија.

Друг демонстрант порача дека НАТО не ѝ треба на Македонија, туку Македонија му треба на НАТО. „Ако му требаме на НАТО, ќе нè почитува под уставното име“, рече демонстрантот пред насобраните граѓани. Тој потенцира дека 137 држави ја признале Македонија под уставното име.

В.Маглешов

Би можело да ве интересира

„Нема да нè снема“, „Ниту една повеќе“: Протест во Скопје против фемицидите, побарана одговорност за смртта на Билјана

Протест против фемицид и институционално насилство во Скопје – „Жените продолжуваат да бидат убивани“

А1он

(ВИДЕО) Протести на турските новинари против властите

Жените во Полска повторно се уличен протест, го обвинуваат Туск дека не го исполнил ветувањето за либерализација на абортусот

Локалните жители ја блокираа депонијата Краста: Шест месеци сме го голгота

Илјадници Шпанци на улиците поради станбената криза: „Вака повеќе не може“

Предраг Петровиќ