ВИДЕО: Каде се прават анкетите за водството на ВМРО-ДПМНЕ?

Од:

Институот „Димитрија Чуповски“ е фантомско здружение создадено од членови на ВМРО-ДПМНЕ со цел да пласира нереални анкети за да влијае на јавното мислење дека партијата на власт е непобедлива. Овој институт всушност никаде не постои иако шест години е регистриран на адреса на која првично живееа студенти, а сега живее семејство.

А1он беше да побара одговори за последната анкета на фантомскиот институт во која на ВМРО-ДПМНЕ им имаше доделено 60 сигурни пратеници на престојните избори, но таму наместо таканаречените експерти, наидовме на семејство кое живее во овој простор и никогаш не слушнале дека тука има регистрирано институт за испитување на јавното мислење. Всушност, седиштето на институот се води на иста адреса на кое е пријавено и живеалиште на претседателот на институтот, но ниту тој не живее таму.

– Ве молам не ме прашувајте ништо. Нема тука институт, рече жената која живее на адресата.

Според документите од Централниот регистар набавени денеска, овој институт има неактивен деловен статус. Основната дејност на таканаречениот институт е „Дејности на други организации врз база на зачленување, неспомнати на друго место“.

Уште кога се појави институтот „Димитрија Чуповски“, испитувањето на јавното мислење го правеа членови на ВМРО-ДПМНЕ, а дел од нив беа советници на општина Велес. По откривањето на оваа информација, од увид беа повлечени сите имиња кои учествуваат во креирањето на анкетите.

Во 2010 година, откако А1 телевизија ја откри манипулацијата на овој институт, односно го постави прашањето како и каде експертите го вршат телефонското испитување, актуелниот претседател на „Димитрија Чуповски“ одговори:

„Се снаоѓаме, истражувањата ги вршиме, кој на работа, дел од нивните работни обврски е и тоа, истражување. Секако, дома, сега за сега се снаоѓаме“, рече Перица Спасевски, претседател на Институтот „Димитрија Чуповски“.

Тој не отрки ниту кој експерти и како ги вршат испитувањата.

-Не би можел сега да ви кажам точно, на која основа се вршат испитувањата, меѓутоа верувам на експертите кои што го прават, затоа што не се самопрогласени експерти. Не можам да ги кажам затоа што прво статутот не ми го дозволува тоа, а второ да ги заштитам на некој начин од можните притисоци“, рече Перица Спасевски во 2010 година.

Во последната таканаречена анкета на институтот, му дале водство на ВМРО-ДПМНЕ со 27,6%, наспроти СДСМ, која добива само 16,1%.

Овие податоци ги објавија речиси сите медиуми без да ја проверат релевантноста на институтот и како дошле до истите.

Дека анкетата е нерелевантна покажуваат и збунувачките бројки, во кои пишува дека на 65,4% од граѓаните најголем проблем им е развојот на економијата, а притоа наведуваат дека 53,2% од граѓаните мислат дека ВМРО-ДПМНЕ има подобра економска програма, иако веќе 10 години е на власт .

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Сексистички навреди кон Силјановска на митингот во Куманово, Пендаровски се смее

Каевски: ДПМНЕ го врати речникот од 27 април со нападите врз Пендаровски

СДСМ: ДПМНЕ го врати речникот од 27 април со нападите врз Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски да каже дали го прифаќа условот на ДУИ за поддршка во вториот круг

Катерина Ѓуровски

Не е точна информацијата за наводен колапс на Клинички центар – Мнистерството за здравство реагира на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ

Три дена затворени сите сали на хирургија во Клинички, нема операции за итни пациенти обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски