ВИДЕО: Каде одат 5 милиони евра што Железница ги ќарува месечно од бегалците?

Од:

Во последните две до три недели, секојдневно влегуваат во Македонија околу 5 до 7 000 бегалци, а нивниот број, ќе се зголемува. Ако Македонски железници наплаќа по 25 евра за еден билет, а месечно поминуваат околу 4 до 5 000 бегалци, тогаш профитот е меѓу 4 и 5 милиони евра. Но, бидејќи не се издаваат фискални сметки, прашање е кој ќарува, прашаа претставниците на невладините организации кои им помагаат на бегалците.

Во камповите кај Гевгелија нема грејни тела, особено во ноќните часови децата се смрзнати, кажуваат активистите кои секојдневно им помагаат на бегалците.

– Она што најмногу пречи е одност на Железницата, последниот пат кога бев ги испраќав бегалците до возот, полицијата не ме спречуваше, бидејќи и таа не може да реагира на тоа што се случува во Железницата. Беше ноќ, не ми го видоа обележјето, дека сум од организација, им наликував на бегалец и со свои очи можев да видам како им се наплаќаат 25 евра на мали деца од 3, 4 или 5 години. Кога видов што се случува, бурно реагирав, дека не е фер, дека е спротивно на законот. Имаше едно семејство со 7 деца, значи група и човекот почна да ги брои на англиски и направи математика колку треба да платат за билети. И кога реагирав, тој рече – „добро ајде платете само една“. Јас реков дека треба да платат како што е законски. Проблемот е што и полицијата се движи до последната оград и никој нема контрола над тоа што се случува кога кондуктерот наплаќа, раскажува Мерсиха Смаиловиќ, активистка од „Легис“.

Железницата е толку алчна да заработи пари што во еден вагон и во еден воз се пропуштаат многу поголем број луѓе за кои нема услови да патуваат на таков начин, а во повеќето вагоните немало ниту струја.

– Јасно е дека државата ниту има волја ниту капацитети да им го пружи потребното на бегалците додека транзитираат низ Македонија. Видливоста на државата и нејзините претставници е се уште минимална. Нема мобилни медицински екипи, ниту има претставници од Министерството за труд и социјална работа. Од тие причини, ние, освен што даваме бесплатна правна помош, го следиме однесувањето на полицијата, обезбедуваме и социјална заштита. Значи има хуманитарна помош од „Легис“ и други организации, ина бесплатна правна помош, а државата е отсутна. Хелсиншкиот комитет на неделна основа ќе почне да ги објавува извештаите за тоа што се случува на терен. За жал, се уште добиваме непотврдени информации за нехумано однесување на полицијата. А не бевме ниту спречени да видиме дека им се наплатува по 25 евра. Тоа се прави на еден бескруполозен начин, дрзок начин, не се ни обидуваат тоа да го прикријат. Не се ни обидуваат тоа да го прикријат, нееднаквиот третман и дискриминацијата постојат и со тоа во наредниот период ќе мора да се зафатиме, рече Уранија Пировска, од Хелсиншки комитет.

Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) и партнерските организации Легис, Македонско здружение на млади правници (МЗМП) и Хелсиншкиот комитет за човекови права, денеска упатија јавен повик до ЈП Македонски железници да престанат со дискриминацијата кон бегалците и мигрантите што користат јавен превоз и до Владата да обезбеди неопходен надзор на финансиското работење на ЈП Македонски железници.

-Фондацијата отворено општество заедно со Легис, здружението на млади правници, со Хелсиншкиот комитет и со Легис од септември оваа година, активно реализира една голема иницијатива за поддршка на бегалците кои што транзитираат низ нашата држава, од аспект на тоа што веќе подолг период бевме свесни и ја следевме состојбата уште од април, оваа година, што се случува со бегалците и кои се нивните проблеми на кои наидуваат, поминувајќи низ Македонија, односно долготрајната голгота што им се случува од кризните подрачја. Овој проект се фокусира на четири најгорливи прашања:

Една од компонентите која можеби е најголема е хуманитарната помош што се случува на јаужната и на северната граница и што во најголем дел ја обезбедува „Легис“. Знаеме дека мигрантите доаѓаат истоштени и гладни, уморни, се обидуваме да им помогнеме, колку што можеме, за да го продолжат патувањето. Истовремено се соочуваат со прекршување на нивните човекови и основни права и затоа тука се Хелсиншкиот комитет и младите правници кои обезбедуваат правна помош за бегалците. И имајќи предвид дека голем дел од населението кај нас, за жал, не е многу толерантно кога станува збор за луѓе со поинакно потекло, сметавме дека една важна компонента треба да биде фокусирањето на антиксенофобичната кампања и четвртата компонента која што е битна е застапувачката, односно се она од нашата постојана присутност на терен ќе го увидиме како проблем, врзано со законската рамка и нејзината имплементација и во таа насока сакаме да ве информираме како се бегалците третирани на нашата јужна граница од аспект на остварување на нивните права, согласно законот и конвенциите, рече Фани Каранфиловска, Пановска, извршен директор на ФООМ.

И Македонско здружение на млади правници кое веќе 6 години на бегалците им дава бесплатна правна помош на бегалците и на мигрантите се придружи на јавниот повик до МЖ.

– Тоа што се случува со цената на билетите по која им се продаваат на мигрантите е спротивно со начинот како што е предвидено во Уставот на РМ, во Законот за јавен превоз во сообраќајот и Конвенцијата за статусот на бегалците од 1951 година и Протоколот за статусот на бегалците од 1967 година, рече Елена Георгиевска од Македонско здружение на млади правници.

Јавното претпријатие Македонски железници и Владата не се огласија на претходните апели за намалување на цените и за воспоставување на еднаков третман во јавниот превоз за бегалците и мигрантите.

А.Б.

Би можело да ве интересира

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

Ердоган и Киличдароглу не сакаат Турција да е „магацин“ за сириските бегалци

Горан Наумовски

УНХЦР: Во 2022 година 100 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови

Стотици сириски бегалци кои живееја во Либан се вратија во нивните домови

А1он

Чешка и Полска бараат украинските бегалци да почнат сами да се грижат за себе

А1он

Митаракис: Грција спречува нелегални заминувања од земјата

А1он