(ВИДЕО) Кацарска: Поротник сaкаше да се откаже пред пресуда и за „мерцедесот“, но го премислив

Од:

Судијката од скопскиот Кривичен суд, Добрила Кацарска, во интервју за „Макфакс“ говори за најавениот процес на проверка т.е. ветинг во правосудството, за довербата на граѓаните во судиите, како и за застарувањето на предметите и обидите за изигрување на судските постапки.

Кацарска рече дека пред донесување пресуда во случајот „Тенк“ на СЈО, каде што беа обвинети, а подоцна и осудени Никола Груевски, Гордана Јанкулоска и Ѓоко Поповски, еден од поротниците најавил дека сака да се откаже од судењето поради здравствени причини, со што се доведувала во прашање можноста од застарувањето на делото.

„Имаше случај на само две три рочишта пред завршување на предметот „Тенк“, поротник се обиде да се откаже од судењето, наводно заради негови здравствени проблеми. Јас му кажав  дека  ако има здравствени проблеми, ако има потреба ќе биде повикана и медицинска екипа и дека не може да се изигрува судот на таков начин. Поротникот остана до крајот на судењето и никогаш повеќе не ја спомна неговата здравствена состојба или што е уште повпечатливо остана со мене и понатаму и за останатите предмети и по завршување на предметот „Тенк“.

Целото интервју ќе биде објавено на „Макфакс“ в петок, 29 ноември во 18 часот и 30 минути.

Би можело да ве интересира

Уставен за иницијативата за пензионирање на Кацарска: Не престанува функцијата на уставен судија по основ на старосна

Катерина Ѓуровски

Собранието потврди дека стасало известување за пензионирање на уставната судијка Добрила Кацарска

Кацарска: Постојано добивам закани, бев и физички нападната, но не пријавував

Катерина Ѓуровски

Вербални закани кон претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, случајот пријавен во полиција

Горан Наумовски

Пронајдени импровизиран кревет и нож – Закани кон претседателката на Уставен суд Добрила Кацарска

Катерина Ѓуровски

Kацарска: Волјата на владеењето на правото е посилна од сите системско политички аномалии