(ВИДЕО) Јовановски: Зошто не е распишана потерница по убиецот на Јанушев?

Од:

„Потпретседателот на СДС и истовремено министер за внатрешни работи, господинот Оливер Спасовски мора да понесе одговорност заради несоодветното постапување на полицијата по бруталната егзекуција на младиот фудбалер Мартин Јанушев.

Младиот Јанушев во петокот беше брутално ликвидиран пред кафуле, на улица, пред очевидци и минувачи, а никој не понесува одговорност. Убиецот се шета на слобода, исто како и тие што му помагаат и веќе шести ден е засолнет и бара алиби.

Како што целата јавност ги знае имињата на убиецот и неговите помагачи, така ги знае и полицијата. Нема некој што не ја знае нивната блискост со актуелната власт и со криминалните кругови блиски до Заев и раководството на СДС.

Оттука се поставуваат неколку прашања, кој му помага на убиецот да бега од правдата? Ќе има ли одговорност и уште колку млади животи треба да згаснат за Спасовски да им се извини на граѓаните и да се повлече од функцијата?

Зошто не е распишана потерница по убиецот, ако знаеме дека при убиството во околината имало неколку очевидци, но и објекти кои се под видео надзор? Постојат индиции дека убиецот ја има преминато границата, кој му го овозможи тоа, кога и на кој граничен премин?

Ова се прашања кои мора да бидат одговорени.

Полицијата на СДС и на Спасовски оставаат убиецот да се крие и не преземаат ништо во врска со ликвидацијата на Мартин Јанушев, кој беше свирепо застрелан со неколку куршуми во главата во центарот на Скопје во петокот попладне.

Криминалните структури со кои власта е во цврст пакт, ликвидираа младо момче и сега некој се обидува овој скандал да се потисне и правно и медиумски. Се враќаат ли на овој начин долговите кон криминалните структури?

МВР молчи и околу гласините кои се шират во јавноста дека бегството на убиецот е помогнато од страна на советник во кабинетот на Зоран Заев. МВР молчи и околу информациите дека се подготвува терен ликвидацијата да се претстави како самоодбрана, а делото да го признае некој друг.

Господинот Оливер Спасовски држеше десетици банални прес конференции за мачки што гребеле автомобили, а сега се крие и бега од одговорност за ваква брутална егзекуција.

Сега граѓаните со сопствените животи и безбедноста на своите блиски ја плаќаат цената на шест месечното криминално владеење на СДС. Граѓаните се исплашени и живеат во страв. Криминалот на улиците е директна последица на разместување на професионалците во МВР на пониски нивоа и поставувањето на партиски послушници на нивните места. СДС со тоа создаде услови за непречено функционирање на нивната коалиција со криминалот како во 90-тите.

МВР истовремено станува соучесник не откривајќи го убиецот на младиот Јанушев. Оливер Спасовски најмалку што им должи на семејството на убиеното момче и на граѓаните за нарушениот мир и безбедност, е да си поднесе оставка од функцијата“, изјави Крсте Јовановски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било

Град Скопје: Дали најавите на Мицкоски за набавка на нови автобуси се причина за блокадата на Скопје од советниците на ВМРО-ДПМНЕ

Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски