(ВИДЕО) Јовановски: СДС продолжува со закани и поткуп и пред вториот круг од локалните избори

Од:

„СДС продолжува со притисоци, со закани, поткуп, креирајќи тензична атмосфера и пред вториот круг од локалните избори. Нема категорија на граѓани кои не се мета на криминогените структури кои партиски одработуваат за СДС.

Активисти на ВМРО-ДПМНЕ се константно следени. Во Росоман веќе подолг период десетина наши активисти се следени и се под закана. Истите тоа го пријавиле во полиција, која не реагира. МВР молчи и не реагира. МВР се става во служба на СДС. Злоупотреби на полицијата има во Штип и во Виница, каде припадници на полицијата влегувале по домовите на граѓаните во ромското маало и барале истите да се легитимираат.

Сите ние видовме и слушнавме од потресното сведоштво на брачен пар од Демир Капија објавено во медиумите, како активисти на СДС, во друштво со криминалци, како што велат жрвите се заканувале со убиство, само затоа што во нивниот дом дошол кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ.

Случаи во кои активисти на СДС нудат пари и го поткупуваат населенито регистрирани се во Штип, во Гази Баба, во Бутел и во Прилеп.

Граѓаните се охрабруваат и почнуваат да говорат за беззаконието на СДС и за нивните насилници и нема да дозволат некој да им го креира нивното мислење за кого треба да гласаат со закани, уцени или пак со поткуп.

СДС ја залоупотребува државната и јавната администрација, каде вработените се под перманентен притисок од страна на директорите поставени од СДС. Такви случаи имаме во Новаци, во Кавадарци, Пробиштип, Македонска Каменица и во Штип.

Притисокот не може да трае вечно. Еден ден сите кои ја реализирале оваа криминална агенда има да одговараат. Граѓаните не смее да бидат стиснати од јаремот на уцените.

Граѓаните ќе го казнат СДС за уништувањето на демократијата и на слободата во Република Македонија.

Граѓаните исто така нема да дозволат да носат одлуки под притисок, за кои ќе се каат утре.

ВМРО-ДПМНЕ застанува на страната на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ застанува на страната на демократијата, на слободата, правдата и законот.

Република Македонија е демократска држава и секој обид за поткопување на правната држава и кршење на законите ќе заврши со кривично санкционирање на секој еден кој се осмелил да и наштети на државата и граѓаните.

Во тоа нека бидат сигурни и СДС и нивните послушници на терен, кои заслепени од моменталната власт која е минлива мислат дека законот за нив не важи. Сите тие заедно треба да знаат дека одговорност ќе има и мора да има“, изјави Крсте Јовановски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Градоначалник на Брвеница ќе се избира на 18 октомври, Гаши ја потпиша одлуката

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО