(ВИДЕО) Јованоски: Создаваме отворена и услужна општина за секој граѓанин

Од:

„Прилеп ќе биде отворена и услужна општина за сите граѓани! Создаваме Локална самоуправа во која, секој граѓанин ќе добива навремени, квалитетни и евтини услуги. Ја враќаме моќта на месните и урбаните заедници. Ги опремуваме со технички услови и го зајакнуваме нивниот правен статус.

Граѓаните ќе ги добиваат сите потребни услуги на едно место, и од органите на локалната, и од органите на централната власт во современи центри за услуги. Воведуваме електронски систем на услуги и мобилни канцеларии, во кои се нудат услуги во секое село. Граѓаните ги вклучуваме во креирањето на буџетот, во носењето одлуки и во контролата на власта. Сите петиции, граѓански иницијативи, предлози и амандмани, ќе бидат на дневен ред на новата локална власт!

Ги уверувам своите граѓани дека средствата што ги дале од својот џеб ќе бидат вложени во унапредување на општата благосостојба во Прилеп и квалитетен живот за сите. Буџетските средства ќе се користат строго наменски, транспарентно, домаќински и одговорно! Граѓаните редовно ќе бидат информирани за сработеното. Обезбедуваме ефикасен јавен превоз и бесплатен превоз за пензионерите, секој ден од 9 до 11 часот.

Градиме две нови детски градинки и ги подобруваме условите за згрижување и воспитување на децата. Тоа е наша цел. Со проектот гасификација овозможуваме евтино греење и настава во топли училници во студените зимски денови за сите ученици. Обезбедуваме бесплатен училиштен прибор за сите првачиња. Градиме квалитетни генерации со вистински вредности.

Нудиме поддршка и помош за најзагрозените семејства и за лицата со посебни потреби. Градиме едно општество за сите со почит кон секого. Почитувани прилепчани, Вратите на Општината се отворени за Вас, за вашите идеи и планови, но и за Вашите проблеми кои итно ќе ги решаваме. Во Прилеп ќе има живот за сите!“, изјави кандидатот за градоначалник на Прилеп од СДСМ, Илија Јованоски.

Би можело да ве интересира

Прво ќе се избере Народниот правобранител и претседател на ДКСК, па ќе се распишат локалните избори

Горан Наумовски

Гаши: Локалните избори ќе се распишат во првата половина од август

Шукова ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје

Мицкоски: Резултатите на локалните избори ќе покажат чија политичка реторика е исправна

Гаши локалните избори ќе ги распише во првата половина од август

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник е доказ дека Заев сеуште владее со СДС