ВИДЕО: Јован Бабаче го фати крстот во Охридско езеро

Од:

35-годишниот Јован Бабаче од населбата Варош беше среќниот фаќач на светиот крст во водите на Охридското езеро за празникот Водиц оваа година.

Бабаче по петти пат го фаќа крстот во езерските води. Интересно годинава беше што откако Владиката Тимотеј го фрли крстот од бродот Александрија, капачите не можеа да го пронајдат, но по 20 минути барање Бабаче го пронајде.

Куриозитет годинава беше што многу од пријавените капачи поради студеното време се откажаа од трката за крстот. Чинот на фрлањето на светиот крст во Охрид го следеа неколку илјада граѓани од земјава и странство.

На градскиот плоштад се служеше греана ракија.

Црвениот крст за среќа годинаваа немаа многу работа. Имале пет интервенции од кои три посекотини и две премрзнувања.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски

Обвинителството започна истрага по ревизорскиот извештај на ДЗР за Општина Охрид

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица