ВИДЕО: Јосифовски се прави газда, а ние сме акционери

Од:

Малцинските акционери во „Макпетрол“ кои се приклучуваат на кривичната пријава против менаџерскиот тим на акционерското друштво, револтирани велат дека не биле прашани да се формира командитното друштво „Оилко“ во кое, според МВР, незаконски се прелевал капиталот.

-Се прави газда а ние сме акционери. Кого прашал Јосифовски да ја формира „Оилко“ – велат акционерите упатувајќи на претседателот на Управниот одбор во „Макпетрол“, Андреја Јосифовски.

-За добро работење сам себе си доделува 5000 акции и 50.000 евра му биле малку. За лошо работење сега треба да ги вратат тие пари – сметаат акционерите.

Влатко Трајчевски, со 30-годишно искуство во „Макпетрол“, бил избракан откако за проблемите проговорил на едно од собранијата на акционери. Тој смета дека компанијата е пред стечај и вели дека зад дезинформациите дека странска фирма е заинтересирана за „Макпетрол“, стојат всушност менаџерите кои сакаат да се заштитат себе и своите фотелји.

-При формирање на „Оилко“ беше кажано дека се формира од две причини: да се заштити „Макпетрол“ од непријателско преземање и да се спречи криминалот на „Млаз Богданци“. Она што го знам е дека додека за „Макпетрол“ возеа „криминалците“ од „Млаз“, имаше заработка и се делеше дивиденда. Откако возат за „Макпетрол“ „поштените“ од „Оилко“, не може да излезе од загуба – вели Трајчевски.

Тој тврди дека кај малцинските акционери постои интерес и желба за приклучување на кривичната пријава и им порачува да не се плашат од промени и да ги одбранат своите акции.

Трајчевски во август 2013 година од менаџментот побарал одговор за состојбите во фирмата, а наместо тоа добил отказ.

-На вонредното собрание на акционери поставив прашања до членовите на Управниот и надзорниот одбор, но од нивна страна имаше само молк. Не добив одговор на ниту едно прашање. По тоа собрание немилосрдно се пресметуваа со мене и со оние кои се дрззнаа полномошното да го дават на друг полномошник – вели Трајчевски.

Би можело да ве интересира

Признание за „Макпетрол“ како еден од најголемите поддржувачи на СОС Детско Село

Со поддршка од „Макпетрол“ и во Кочани ќе се одржат работилници против врсничко насилство

А1он

Каратистите на „Макпетрол” ја отвораат сезоната со учество на светската лига во Атина

„Макпетрол“: Ученици од 40 училишта се здобија со знаења за врсничкото насилство

Три медали за каратистите на „Макпетрол” на Балканското првенство во Љубљана

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство