(ВИДЕО) Јорданов: Да не дозволиме некој да гази по нашите дела и нашата идеологија

Од:

„Ова е историски момент за нашата држава. Македонскиот народ, никогаш не бил предаден вака цинично и без преседан.

Огромни беа ветувањата, а уште поголеми очекувањата. Меѓутоа, реалноста во која живееме, го зборува следново – нема ниту една реформа во образованието, земјоделието, здравството, а капиталните инвестиции веќе една година се во стагнација. Наместо актуелните функционери да се залагаат за благосостојба на народот, тие јавно поттикнуваат поткуп, доделување на државни средства на владини функционери, вработување на членови од семејствата, доделување државни стипендии на министерски деца“, рече Иван Јорданов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Но, македонскиот народ е зрел и знае дека ова не е патот по кој треба да оди Македонија за да стигне пред портите на ЕУ и НАТО.

Затоа, сите вие кои сте против овој предавнички договор, сите вие кои сакате да ја видите Македонија гордо исправена пред ЕУ и НАТО, сите вие кои сакате да го зачувате националното достоинство, ве повикувам во недела, во 13:00 часот да дојдете пред црква Св. Никола, заедно да маршираме. Овој марш да биде силна порака кон Заев и неговата Влада – Штип е град од каде потекнуваат бројни херои и државотворци, нема да дозволиме некој да гази по нивните дела и нивната идеологија!“, изјави Иван Јорданов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност