(ВИДЕО) Јаулески: Заев има пари за реновирање на своето партиско седиште, но нема за младите

Од:

„Младите не му веруваат на Зоран Заев. Заев има пари за реновирање на своето партиско седиште, но нема за младите.

Младите беа изманипулирани од Заев за време на претходните парламентарни избори.Заев вети подобри услови за студирање и можности за млади по завршување на образованието.Заев излажа.

СДСМ во предизборната програма, во делот мерки и проекти кои треба да почнат со реализација во првите 6 месеци од мандатот вети дека ќе изгради 2 студентски града, со спортски терени, базени, читални и други содржини на просторот кај студентските домови „Стив Наумов“ и „Гоце Делчев“.Три години откако ветија, ниту темел немаат поставено“, рече Јован Јаулески, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев не само што не го реализира проектот студентски град, туку и 3 години го влече реновирањето на двата блока од студентскиот дом „Гоце Делчев“, кои одамна требаше да бидат спремни за вселување.

Младите го видoа вистинското лице на Зоран Заев. Оваа година со денови каснеа списоците за вселување, а студентите немаa кај да престојуваат во сред испитна сесија.Зарем ова е животот господине Заев кој викајќи на цел глас го ветувавте?Или тоа беше само за пред избори?

Младите никогаш повеќе нема да наседнат на лагите на Заев. Младите во големо мнозинство се за ВМРО – ДПМНЕ, и против деструктивните политики на СДСМ.

Време е за соочување со младите господине Заев.Нема бегање од казната која младите ви ја спремаат на избори, казна за сите ваши лаги од пред три години до сега“, изјави Јован Јаулески, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски