(ВИДЕО) Јаулески: Власта спроведува политички прогон врз сите неистомисленици

Од:

„Власта уште еднаш покажува во пракса дека во Република Македонија дека правната држава е суспендирана. Денеска власта на Заев и Спасовски без никакво образложение во полициската станица зад нас неколку членови на УМС на ВМРО-ДПМНЕ ги држеше 4 часа.

Власта е исплашена од граѓаните, а особено од младите и затоа спроведува политички прогон врз сите неистомисленици и слободомислечки граѓани.

Младите нема да ги исплашите. Младите се предводникот на промените кои следуваат“, рече Јован Јаулески, претседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

„Почитувани претставници од власта, ударот врз младите е удар врз државата. Не можете да ги оправдате вашите лоши политики со спроведување терор, прогон и сеење на страв.

Насилието мора да запре. Криминалот не смее да биде пракса.

Откако сте на власт имаме 9 неразјаснати убиства, запалени автомобили, секојдневни грабежи и безредие. Власта не ја остварува нејзината основна задача – чување на редот и мирот.

Тргнете ги рацете од младите. За целото незаконие кое го спроведувате ќе одговарате кога ќе се врати правната држава и демократијата во Република Македонија, со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт“, изјави Јован Јаулески, претседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела