Пратеникот Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ го запали листот со францускиот предлог среде собраниската сала, на седницата каде се дискутира за ова прашање. Тој порача: „Ние сме Македонци, од Македонија, кои имаат свој јазик, традиција и култура, обичаи и обележја“.
Јаулески од собраниската говорница посочи: „На крајот од овој циркус, една порака до сите. Многу окупатори ја газеле оваа земја, многу се изживувале врз сите народи кои живеат во Македонија, но ниту една војска или окупатор не успеал да не уништи. Ако мислите вака ќе не направите послаби, се лажете. Ќе бидеме посилни и ќе истраеме. Никој не победил народ, овој народ живее и ќе живее. Да живее Република Македонија“.
По ова, порача: „овој предлог треба да заврши вака“ и го запали листот. Јаулески кажа дека со прифаќање на францускиот предлог, Македонија никогаш нема да влезе во ЕУ.