(ВИДЕО) Јаулески: Црнилото кое ја обвиткало државата и општеството во целост мора да го поразиме

Од:

„СДСМ ја распродава државата по сите основи. Република Македонија две години оди надолу. Неколку нерасветлени убиства откако СДСМ е на власт, а министерот за политички прогон Спасовски не презема ништо за да ги заштити граѓаните и да го гарантира јавниот ред и мир.

Црниот Заев донесе црна безпарица. Трошоците за живот се се поголеми, а платите остануваат исти. Безперспективноста кај младите расте. Ветуваа дека ќе ги вратат иселените, а сега си заминуваат и тие што останаа“, рече Јован Јаулески, в.д Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

„Економијата е зацрнета. Младинската невработеност е највисока во Европа. Од така наречената младинска гаранција нема ни М. Младите го завршуваат своето образование и разочарани ја напуштаат Република Македонија.

Оние кои ќе решат да останат и да се надеваат на подобро утре се гушат во црниот воздух, чија загаденост е неколкукратно поголема од нормалното, а владата за тоа не нуди мерки и решенија, бара донации од бизнисмените за работа која треба да се финансира од буџетот.

Загадувањето ќе го спречуваат со донации, а не кажуваат каде ќе одат парите од даноци. Државата стана рекордер во корупција. Граѓаните се помалку им веруваат на институциите. Давачките рапидно се зголемуваат, а со тоа се удира врз секој млад и висококвалификуван кадар кој решил да твори, работи и создава во Република Македонија. Се удира врз ИТ инженерите, младите лекари, стоматолозите итн.

Образованието е девастирано и оставено на заборавот на времето. Две години нема ниту една инвестиција. Нема нови студентски домови, нема студентски градови, нема подобар стандард за студентите, нема ништо. Има само црно црнило.

Црнилото кое ја обвиткало државата и општеството во целост мора да го поразиме. Граѓаните ја чекаат зората. Ајде сите заедно да го поразиме црнилото. Во среда, во 17 часот приклучете ни се на протестниот марш против сите штетни и антидржавни политики на оваа црна влада. Зората ќе изгрее. Македонија ќе оди напред“, изјави Јован Јаулески, в.д Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски