(ВИДЕО) Јаревски: Карпош е загрозен и небезбеден, а жителите несигурни бидејќи МВР немаат доволно ресурси и соодветен план за работа

Од:

„Денес на дневен ред на седницата на Советот е извештајот за работата на полицијата во Општина Карпош. Согласно овој извештај Карпош е загрозен и небезбеден, а жителите несигурни бидејќи МВР немаат доволно ресурси и соодветен план за работа. Во секој случај граѓаните го плаќаат цехот.

Со 750 извршени кривични дела, провални кражби, грабежи и разбојништва, а расветлени од непознат сторител 0, нашите сограѓани веќе се несигурни и на улица и дома.

Тоа се стотици илјади евра материјални штети, но уште пострашни се психичките трауми кои со години ќе ги следат нашите граѓани“, рече Тони Јаревски, советник од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

„Пред еден месец вооружени насилници влегле во домот на младо момче, го ограбиле, десет часа го малтретирале и на крајот се обиделе да го заколат. Со обилно крварење бил однесен на КАРИЛ. Исходот ист како и во сите останати случаеви. Насилниците се непознати и оставени на слобода.

Замислете! 60.000 граѓани, 105км2, а полицијата во Карпош со само 1 функционално возило и недоволна кадровска екипираност во полициската станица.

Зошто Карпош е оставена на милост и не милост од страна на државата и МВР?

Нема да дозволиме Карпош да се претвори од најпосакувана Општина за живеење во Оаза на криминалот.

Денес Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе барање за итна измена и дополнување на дневниот ред со цел времено отстапување на уште едно теренско возило Ауди Q7 за потребите на полициската станица и ќе ги поддржиме сите иницијативи што би произлегле од ингренциите на локалната самоуправа со надеж дека полицијата ќе има барем основни услови за нормално извршување на нивните обврски.

Посакувам, се надевам и очекувам дека оваа искрена иницијатива ќе биде поддржана од сите советнички групи бидејќи безбедноста не засега сите нас“, изјави Тони Јаревски, советник од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

Две лица од Турција осомничени за обид за убиство во Скопје, се трага по третиот осомничен

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ