(ВИДЕО) Јанушев: Време е за претседателски и предвремени парламентарни избори

Од:

„Би сакал на сите верници од православна вероисповед да им го честитам големиот празник Водици да посакам многу пред се здравје, успех, благосостојба за граѓаните на Република Македонија, нормално доколку сакаме да дојде до тоа уште еднаш би апелирал дека е време да излеземе заедно со претседателските и на предвремени парламентарни избори.

Сакам уште еднаш само да го честитам големиот празник и уште еднаш да посакам благосостојба за граѓаните на Република Македонија и пред се бидејќи сме денеска овде во Штип да посакам нели истото и за граѓаните на општина Штип“, изјави Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ бара парламентарни предвремени избори и не само што бараме туку и инсистираме на истите. Впрочем ако ги видиме изјавите на власта и доколку навистина сакаат да имаме економска година во 2019, единствено што може некој да го овозможи тоа е токму ВМРО-ДПМНЕ и токму затоа инсистираме на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските и тоа што е можно побрзо да се објави, бидејќи доколку до 21 јануари го распуштиме Собранието, тогаш има време да се организираат заедно со претседателските“, одговори Јанушев на новинарско прашање.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски