(ВИДЕО) Јанушев: Ветуваме навремена исплата на субвенциите и гарантиран откуп на земјоделските производи

Од:

Носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во изборната единица 3, Игор Јанушев денеска го посети Свети Николе каде што истакна дека доколку ВМРО-ДПМНЕ формира Влада ќе се залага за навремена исплата на субвенции на земјоделците и сигурен откуп на земјоделските производи.

– Се среќаваме со граѓаните, ја презентираме нашата програма заедно со кандидатите за пратеници Благица Ласовска и Иванка Василевска. Она што го гледаме веќе низ цела Македонија го гледаме и овде во Свети Николе, а тоа е огромната поддршка од населението која е се поочигледна. Луѓето ги интересира да знаат што ќе направиме во следните четири години, па затоа чест ми е повторно од овде, од Свети Николе да кажам дека покрај оние генерални големи проекти што ќе се одвиваат нормално за сите 20 отсто зголемување на пензиите или околу 3.500 денари за секој пензионер повеќе. 25 отсто зголемување на платите за сите вработени, истакна Јанушев.

Јанушев додаде дека она што е битно за Свети Николе е проектот за гасификација и природен гас до секој еден дом, и тоа со бесплатен приклучок за секој еден граѓанин.

– Свети Николе како земјоделски крај, луѓето се интересираат за земјоделските мерки што ги планираме во следните четири години да ги имплементираме односно да им ги овозможиме на земјоделците. Она што го гледам како најголем проблем е ненавремената исплата на субвенциите. Голем дел од луѓето се жалат дека немаат добиено субвенции уште од 2019-тата година, рече Јанушев.

Јанушев побара поддршка од жителите на Свети Николе.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски