(ВИДЕО) Јанушев: Спасовски е првиот министер за внатрешни работи кој што направи коалиција со мафијата

Од:

„СДСМ и Оливер Спасовски континуирано три години ја загрозуваа безбедноста на граѓаните. Власта наместо народот, ги штитеше криминалците.

Во МВР сега се воспоставува ред и систем на одговорност. И тоа на СДСМ и Спасовски им пречи. Затоа што тие се навикнати да функционираат во криминална средина.

Оливер Спасовски е првиот министер за внатрешни работи кој што направи коалиција со мафијата. Наместо сузбивање на криминалот негово единствено достигнување во министерството беше презентација на возило пред медиумите кое беше купено од претходната влада дека е изгребано од мачки“, рече Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

„Задача на техничките министри ќе биде се што им било одземено на граѓаните како што е случајот со возилата од МВР.

Државата и граѓаните се на прво место.

СДСМ и Оливер Спасовски во паника од неминовниот изборен пораз сакаат да ги блокираат институциите, а обвинуваат за блокади од ВМРО-ДПМНЕ мислејќи дека на тој начин ќе си создадат алиби од изборен пораз.

Сценариото не им се остварува. Министрите од ВМРО-ДПМНЕ постојано се на терен помеѓу граѓаните, нивните тимови се во институциите и се работи на нормално функционирање на државата.

Министрите од ВМРО-ДПМНЕ се сретнуваат со огромни злоупотреби кои ги правела власта во изминатиов период и тие скандали и афера ги гледаме секојдневно во медиумите.

На безредието и криминалот кое СДСМ и Спасовски уште го штитат ќе му се стави крај на 12 април, а по 12 април ќе има одговорност за сите кои ги прекршиле или ќе ги прекршат законите во идниот период“, изјави Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче