(ВИДЕО) Јанушев: СДСМ преку разни изјави се обидуваат да го заплашат народот

Од:

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев имаше средби со жителите на општините Лозово и Свети Николе, со кои разговарал, за како што се вели во соопштението, „штетните последици од капитулантскиот договор кој што владата предводена од Заев го потпиша со соседна Грција“.

„Она што можам да го истакнам е дека во огромен број граѓаните при овие посети се запознаени со текстот на договорот и истите не се согласуваат со нив, што всушност и како став и како партија се поистоветува и со ставот на ВМРО-ДПМНЕ. Бидејќи од самиот старт кажавме дека сме против овој договор и истиот нема да го прифатиме.

Нормално разговаравме со луѓето, се обидовме да им објасниме некои нејаснотии кои што ги имаат. Исто така што може да се забележи особено последните денови е дека СДСМ е во паника се обидуваат преку разни изјави да го заплашат народот.

Ја видовме изјавата на Оливер Спасовски каде што вака јавно кажа дека дури и за водење на интернет кампања, односно кампања по социјални мрежи дека ќе следувале апсења.

Исто така видовме изјава од министерот Димитров кој всушност е потписник на овој капитулантски договор, кој кажа дека без разлика на успешноста на референдумот, дека истиот ќе пробаат на сила да го стават на дневен ред во Собранието и многу други вакви изјави.

Она што сакам да го порачам до целокупниот македонски народ е она што и многупати го кажавме, да го користи разумот, да размислат што точно ова значи.

Што точно значи бришењето на македонското име на се она што е македонско, на влогот на Заев кој не му дал никој право да си игра со македонската нација и сепак да го послушаат срцето во однос на тоа како ќе постапат на 30-ти септември на денот на референдумот“, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО