(ВИДЕО) Јанушев: СДСМ не се менува и настапува со стари и компромитирани кадри, гласот за Заев е глас за криминалот

Од:

На пресконфернецијата на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев рече дека СДСМ  ги преставила пратеничките листи кои не се ништо друго, освен спас на политичката кариера на криминално рекетарската банда на чело со Заев. Ова е листа за пораз. Заев настапува со стари истрошени и компромитирани кадри на кој сака да им обезбеди пратенички имунитет зошто така мислат дека нема да одговараат“, нагласи Јанушев.

dobivaj vesti na viber

Според него, во СДСМ нема никаква свежина и ниту еден нов претставник.

„Тоа е приказ за атрофирана партија која не извлекува поука од граѓаните. Само ако ги погледнеме носителите на листите на СДСМ веднаш станува јасно дека главни критериуми за избор биле неспособноста или пак тоа кој колку повеќе штета и направил на државата“, рече Јанушев.

Тој нагласи дека претседателот на СДСМ, Зоран Заев во моментов е единствениот аболициран политичар, кој ја искористил премиерската позиција да обезбеди дополнително уште неколку
повлекувања на обвиненија за очигледен криминал.

Според него, Заев знаел за аферата Рекет од самиот нејзин почеток и на извесен начин ја помагал истата.

Јанушев додаде дека Заев овозможил со своето семејство да направи милионски бизниси со марихуана,  но и со матни зделки со РЕК Битола, при што го направил „кланот“ Заев најбогатото политичко семејство во Европа.

За Шекеринска, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Јанушев кажа дека таа во моментот е истрошен кадар од времето на транзицијата.

„Токму Шекеринска е посочувана и за еден од најголемите поддржувачи на Боки 13, што отвора сомнежи дека и таа дел од криминално рекетарскиот октопод. Тоа што е демагог и неработник сите го знаат сите, но видоа и дека секој мандат е склона да учествува во некој нов бонбона бизнис. Така освен наплаќањето кирии сама на себе, во своето портфолио сега може да го додаде и набавката на градежни машини за Министерството за одбрана по далеку повисоки цени од реалните“, рече Јанушев.

За актуелниот министер за надворешни работи Димитров, секретарот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека тој е ликот кој од крајот на деведесеттите со својата политика на „свиткана кичма“ и сервилност дојде до врвот на својата кариера, да биде носител на листа на СДСМ.

Според Јанушев, актуелниот премиер Оливер Спасовски рече дека него јавноста ќе го запамети како еден од најнеуспешните министри за внатрешни работи кој нема запленето ниту еден
грам кокаин во неговиот мандат, но и во чие време се случија низа на нерасчистени убиства, запалени возила, тешки разбојништва и криминали.

„Со право велиме дека Спасовски беше посматрач на процутот на криминалот и создавањето на спрегата на политиката и криминалното подземје. Самиот беше дел од неколку афери како незаконската набавка на возила со чешката донација и распределбата на лиценци за возачки испити на фирми формирани непосредно пред распишување на огласи“, додаде Јанушев за актуелниот премиер.

За носителот на листа на СДСМ, Љупчо Николовски, генералниот секретар на ВМРО- ДПМНЕ соопшти дека тој е поранешен министер за земјоделие кој што ги разочарал земјоделците и кој сакал да прави кариера врз нивната мака и труд.

„Тој ги лажеше и манипулираше земјоделците за да на крајот избега во партијата без да се соочи со нивните барања и потреби. Сега без срам пак ќе излегува и пак ќе ги лаже. Овој пат тоа нема да му помине и ќе биде казнет за неговата неспособност и неодговорност“, рече Јанушев.

„За изборот на Зоран Заев на листата да ги стави и Зеќир Рамчиловиќ и Панчо Минов оставаме да судат граѓаните, а посебно членовите на СДСМ. За нас тоа се лицата кои го погазија зборот и довербата на граѓаните и се одлучија да бидат верни слуги на погрешните политики на Заев кои ја силуваа волјата на народот. Поразот на Заев е се поизвесен, а после овие листи веќе останува да се
види само колку катастрофален ќе биде. Македонија е на нозе, а обновата пристига и Заев не може тоа да го спречи. СДСМ не се менува и настапува со стари и компромитирани кадри“, соопшти Јанушев во пресконференцијата за медиумите.

„Гласот за Заев е глас за криминалот. По претстојниот пораз Заев мора да си замине од политиката“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го злоупотребува судството за политички прогон

А1он

Каракачанов ги повика Милошоски, Николоски, Пандов, Мицевски како Бугари да гласаат на изборите

Ландов

Јанушев: СДСМ и ДУИ подготвуваат кражба на локалните избори

Катерина Павлова-Николовска

ВМРО-ДПМНЕ: Реконструкцијата на Универзалната сала е нова лага на Шилегов, немаат проект, ниту план

Катерина Павлова-Николовска

Уште пет дена за договор за нова влада

А1он

Јанушев: ДИК пребројува по барање на ВМРО-ДПМНЕ, резултатите не одговараат на официјалните записници

Жарко Настоски