(ВИДЕО) Јанушев од Виница: Ветуваме многу работа и ангажирање на сите расположливи капацитети

Од:

„Продолжуваме со посета на населените места во рамки на акцијата која што ја најавивме и која ја спроведуваме каде што ги посетуваме буквално, буквално сите населени места.

Денес сме во Виница и виничко, овде во Истибања и ќе ги посетиме населените места Јакимово и Градец. Разговараме со граѓаните и едноставно можеме само да потврдиме во која состојба, во какви услови живеат. Условите се повеќе од лоши, условите се катастрофални, а за тоа има само еден виновен. Еден човек е крив за сите овие работи, негативни кои што се случуваат во Република Македонија и тој човек има име и презиме. Тој човек е Зоран Заев“, рече Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

„Од она што имав прилика денеска да го видам и од разговорите со граѓаните дефинитивно можам уште еднаш да потврдам дека поразот кој што следува на СДСМ и Зоран Заев на 12 Април е неминовен.

Граѓаните укажаа на буквално очајно лошите услови за живот. Она што ниту локалната, но ниту централната власт не мрднала со мал прст да ги подобри, да создаде подобри услови за живот. Сето тоа ќе се промени после 12 Април. Ветуваме многу работа, оставање буквално на сите наши капацитети на располагање. Обновата дефинитивно доаѓа после 12 Април во нашата држава“, изјави Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО