(ВИДЕО) Јанушев: Од што се плаши Заев да прифати испитување на потеклото на имот на политичарите?

Од:

„СДСМ и Зоран Заев се пречка за остварување на правдата во Република Македонија.

Аболираниот Зоран Заев подготвува терен за своја идна амнестија од Пендаровски. Зоран Заев станува заштитник на принципот на амнестија, и се плаши од испитувањето на потекло на имотот на политичарите.

Затоа Заев е должен пред граѓаните на Република Македонија да одговори на неколку прашања:

Зошто не го прифаќа барањето амнестијата да не важи за политичари и носители на функции, и амнестираните да не смеат да се занимаваат со политика?

Од што се плаши Зоран Заев да прифати закон за испитување на потекло на имотот на политичарите?“, прашува Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали стравот од пораз на следните избори кои ќе значат крај на неговата политичка кариера е причината зошто не го прифаќа предлогот однапред да се знае кој ќе биде кандидат за мандатар на новата влада. Дали тоа значи дека Заев грчевито се бори да биде заштитен од пратеничкиот имунитет?

Зошто Заев не сака поразениот на изборите да се соочи со одговорност за катастрофалните политики и за престапите пред законите и граѓаните?

Потребни се одговори.

На политичарите чии политики се поразени од народот местото не им е во политиката.

На 12-ти април доаѓаат промените и обновата на Македонија. А од 13-ти април доаѓа и одговорноста за политичарите кои го изневериле народот и ги прекршиле законите“, изјави Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава