(ВИДЕО) Јанушев од Македонска Каменица: Со победа на ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде обновата на Република Македонија

Од:

Носителот на листа на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Изборната единица 3, Игор Јанушев денеска ја посети Општината Македонска Каменица од каде што порача дека со победа на негопвата партија „ќе дојде обновата на Република Македонија“, а со тоа ќе дојдат многу мерки и проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните.

– Денеска сме во посета на Македонска Каменица заедно со кандидатот за пратеник Даниела Христова. Планираме да го посетиме пазарот, да поразговараме со граѓаните на Македонска Каменица, ќе имаме и неколку состаноци со целни групи. Она што го добиваме како порака впрочем и од цела Република Македонија е дека поддршката е на страна на ВМРО-ДПМНЕ, поддршката е на страна на обновата, поддршката е на страна на Република Македонија. Она што е интересно и што го забележувам имавме изминативе денови еден интересен настан каде што СДСМ предводени од Заев организираа еден митинг би го нарекол на една слепа улица каде што се наоѓа провалијата. И тие се обидуваат сите нас да не повлечат во таа слепа улица и во таа провалија. Но, она што македонскиот трудољубив народ има да го порача е дека тие сами можат да останат во слепата улица, и сами да го продолжат патот кон провалијата, ние сите заедно, сплотени и здружени се движиме кон обнова на Македонија, истакна Јанушев.

Тој додаде дека СДСМ „во очај и немоќ стануваат свесни дека губат и паѓаат“, а во недостиг на проекти и она што не направиле за државата во овие три години од како се на власт, се бранат со закани.

– Ние ќе продолжиме со презентирање на наши проекти и мерки, ќе кажеме се што планираме во овие четири години да направиме. И тоа зголемување на платите, зголемување на пензиите, намалување на невработеноста, овозможување на подобар живот за секој еден граѓанин во Република Македонија, порача Јанушев.

Би можело да ве интересира

Левица: Нов скандал на власта – Јанушев со тендер од еден милион евра ќе ги плаќа партиските митинзи

Кузеска: Ако СДСМ прислушкувала, зошто ВМРО-ДПМНЕ се плаши да декласифицира

Манасиевски: Дали е вистина дека постои случај Рекет 2 и дали ЈО го крие во фиока затоа што штитат функционери на СДС и ДУИ?

Катерина Ѓуровски

Левица: Денешната седница беше перфиден театар на ДПМНЕ и ДУИ – не помина предлогот за фер конкуренција

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: СДС си го плаќал идеологот Фрчкоски со 200 илјади евра преку Еразмус +

Катерина Ѓуровски

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?