(ВИДЕО) Јанушев: Обновата доаѓа со зголемување на пензиите во следниот 4-годишен мандат од 20-тина отсто и зголемување на просечната плата за 25%

Од:

„Продолжуваме со посетите во рамки на „Обнова на Македонија“. Денеска сме овде во Општината Зрновци, покрај Зрновци ќе ги посетиме и населените места Мородвис и Видовиште.

Разговараме со граѓаните, ги слушаме нивните проблеми но и ја гледаме перцепцијата на народот. А, таа е дека нема да престанеме со ова што го правиме се до 12-ти април, кога ќе ја издвојуваме огромната победа пред се за Република Македонија“, кажа Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

„Обновата во државата доаѓа. Обновата доаѓа со тоа што веќе излеговме пред вас граѓаните и го ветивме зголемување на пензиите во следниот 4-годишен мандат од 20-тина отсто, зголемување на просечната плата за 25%. И сите оние останати мерки кои што ги планираме преку намалување на даноците и создавање на услови за раст на економијата и стопанството. А, со тоа и за подобар живот на сите граѓани во Република Македонија.

Она што граѓаните не го забораваат и го потенцираат е состојбата во која што се наоѓа државата. Таа состојба е очајно лоша и таа состојба ќе почне да се подобрува токму после 12-ти април со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, со формирањето на новата Влада и со почнување на обновата на државата“, изјави Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче