(ВИДЕО) Јанушев: Ние сме Македонци кои што живеат во Република Македонија и тоа не може ништо да го смени

Од:

„Најмногу се жалат како и секаде каде што одиме со кампањата „Разговори за Обнова на Македонија“ особено во источниот дел од Република Македонија во однос на иселувањето, особено иселувањето на младите. Меѓутоа и она што е забележливо особено последните 2-3 години е дека се иселуваат и буквално цели семејства без разлика на возраста, едноставно луѓето си бараат подобар живот, нешто што во Република Македонија со оваа криминално-рекетарска власт го немаме.

Но, исто така овде во Македонска Каменица луѓето зборуваат и за реалните проблеми односно ветувањата и манипулациите кои што ги прават не само од централната, така и од локалната власт бидејќи буквално ништо не е реализирано, ниту патот до рудникот „Саса“ е направен како што ветуваа, ниту е отпочнато со работа индустриската зона што и те како ќе дадеше една инекција за целиот овој регион во однос на вработувањата и на тоа да луѓето ги мотивираме да останат во нашата држава. Меѓутоа не е ништо направено и во однос на санација на градинките, училиштата и се она што го имаа како дел од изборната програма“, рече Игор Јанушев–Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

„Тој парадокс ни се јавува низ целата држава бидејќи живееме во едно време во едно општество каде што едноставно никој не сака дополнително да вложи, никој не сака да го прошири бизнисот бидејќи гледа во какви услови живееме. Сите оние афери кои што излегоа првично почнувајќи од аферите во однос на земањето на рекет, целиот овој криминал што го гледаме, што се случува доведе до една ситуација каква што имаме денеска. Меѓутоа ги охрабрувам граѓаните бидејќи ова е нешто што го имаме, што завршува за многу брзо и имаме речиси еден месец од денеска до формирањето на техничката влада која што ќе треба да се погрижи спроведувањето на изборите на 12 април да поминат во најдобар ред. Едноставно атмосферата секаде каде што бевме, а поминавме речиси цела Република Македонија е дека оваа власт на Заев паѓа, колку се во голем очај, колку се во една ситуација каде што буквално веќе не знаат како да изманипулираат и на кој начин со граѓаните како да ги излажат. Видовме една несреќна изјава вчера на премиерот Заев, па така сакам денеска да му порачам дека да општеството е мултиетничко, општеството е мултикултурно, меѓутоа денеска од Македонска Каменица порачуваме дека ние сме Македонци кој што живеат во Република Македонија и тоа не може ништо да го смени“, одговори генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, на новинарското прашање за причината за иселувањата од државава.

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава