(ВИДЕО) Јанушев: Eдинствен виновник за сето што се случува во изминативе три години во Македонија e Заев

Од:

„Како што најавивме пред неколку дена почнуваме од овој викенд со акцијата односно со тимови од Извршниот Комитет каде што ќе извршат посета буквално во сите населени места во Република Македонија.

Денес сум во Општината Илинден, ги посетивме населените места Мршевци и Миладиновци, исто така имаше огромна посета на луѓе и од останатите населени места. Разговаравме со жителите од овие две села, со граѓаните на Општина Илинден каде што тие ги потенцираат своите проблеми и она што можам да го кажам е дека се дефинитивно убедени да кажат СТОП за Зоран Заев и СДСМ“, рече Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

„Да кажат СТОП на оваа криминално рекетарска банда која што буквално распродаде се што значеше нешто за граѓаните на Република Македонија.

Да ставиме СТОП, да кажеме ДОСТА Е на разграбувањето на државата, на криминалните афери, на рекетот и на се она што негативно се случува.

Граѓаните се свесни дека еден и единствен човек е виновник за сето ова што се случува во изминативе три години во Република Македонија. Тој човек има име и презиме, и тој човек е Зоран Заев.

Зоран Заев и СДСМ се главните виновници за сите овие негативни работи и за овој хаос кој што владее во државата. И затоа се спремни на 12-ти април да ја дадат поддршката на ВМРО-ДПМНЕ и да издвојуваме една огромна победа и секако да ја почнеме обновата на Република Македонија“, изјави Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава