(ВИДЕО) Јанковиќ: Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+

Од:

Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+. Зошто в.д. директорката не е разрешена кога е потврдено дека била дел од истрага на ОЛАФ – Европската канцеларија за борба против измами, изјави Јовица Јанковиќ од СДСМ.

– Наместо да ја разреши и да побара одговорност, Владата молчи и ја остава на функција со што директно ја штити. Ова значи само едно: власта е фатена жива, со рацете во европските фондови.
Затоа со очајни напади врз СДСМ ВМРО-ДПМНЕ се обидува да побегне од вистината. Но, од вистината нема бегање. Фактите се содржани во Извештајот на ОЛАФ кој е доставен до Јавното обвинителство.

Постои основано сомнение за злоупотреби на над 2 милиони евра европски пари, идентификувани се повеќе од 50 физички и правни лица во Македонија и пет земји-членки на ЕУ. Остануваат и сомнежите за тоа како се расределени над 8 милиони евра во периодот 2014–2017 година? Токму во тој период Ана Михајлов заедно со својата кумашинка Дорина Ѓорчева Митровска биле евалуаторки во Агенцијата.

Улогата на Бошко Нелкоски, првиот директор на агенцијата и ментор на новата в.д. директорка, поврзаноста со фирмите „Силвер Лион Сервисес“ и „Агронимија Органика“ и дали тие се дел од истата мрежа на сомнителни тендери и злоупотреби идентификувани од ОЛАФ останува да ги утврди Јавното обвинителство. И клучното прашање: во чии џебови завршија милионите евра европски пари?

Очигледно е зошто не се постапува. ВМРО-ДПМНЕ ги штити милионските шеми и злоупотреби во Еразмус+. За овој скандал решението е само едно: Разрешување на в.д. директорката, итна и целосна кривична истрага за сите инволвирани во овие милионски злоупотреби на европски пари, нагласи Јанковиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он

Каранфилова Пановска: Оризот се откупува за понижувачки 16 денари, оризопроизводителите не ги покриваат трошоците

СДСМ: Буџетот е пократок за осум милијарди денари, дупката ќе се крпи со нов кредит

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер