(ВИДЕО) Јаневски: Младите се приоритет за Струмица

Од:

Ќе ги враќаме парите кај граѓаните и ќе отвориме можности за сите, ќе вложуваме во локалниот економски развој, нудиме директна поддршка за домашните фирми, пред се за малите и средните претпријатија, рече денеска кандидатот за градоначалник за Струмица од СДСМ, Коста Јаневски.

– Обезбедуваме еднакви услови за домашните и за странските инвеститори. Приоритетите на општината ќе ги правиме заедно со бизнис заедницата. Преку бизнис форуми ќе го проектираме и следиме локалниот економски развој. Младите, се нашиот приоритет. Да ги задржиме тука и да им обезбедиме достоинствен живот. Ќе посредуваме при вработување на едуцирани млади во бизнис секторот со ангажман од шест месеци, рече Јаневски.

Предвидени се, додаде, и стимулативни мерки за компаниите за вработување млади од 18 – 29 години.

– Ќе ги поддржиме старт-ап бизнисите за млади, чија главна цел е да се поттикне претприемништвото и да се овозможат одржливи вработувања. Со вложувањето во локалниот економски развој, обезбедуваме повеќе пари за општината и пак ги враќаме кај вас, додаде Јаневски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?