(ВИДЕО) Јаневски: Ќе обезбедиме бесплатен оброк за сите ученици во основното образование

Од:

Бесплатен оброк за сите ученици во основно образование, вети на денешната прес-конференција, кандидатот за градоначалник на Струмица од СДСМ, Коста Јаневски.

– Ќе обезбедиме бесплатен оброк за сите ученици во основното образование. Ќе го дислоцираме средношколскиот дом на средното училиште „Димитар Влахов“ во комплексот на училиштето. Со тоа ќе се обезбеди поспокоен и помирен живот за средношколците. Децата се нашиот приоритет. Тие се иднината на нашата општина, рече Јаневски.

Тој најави неколку проекти за подобрување на детската заштита во општинта.

– Ќе ги прошириме капацитетите во градинката „Детска радост“ во клоновите два и шест. Ќе изградиме нова градинка во касарната и ќе ги довршиме започнатите проекти за изградба на градинки во Куклиш, Муртино и Просениково. Ќе изградиме Центар за целодневен престој на деца од шест до 10 години. Со тоа ќе се реши проблемот на родителите кои поради работни или други обврски не се во можност да бидат со своите деца и да им помагаат при извршувањето на училишните обврски, рече Јаневски.

Јаневски рече, дека доколку ја добијат поддршката на изборите в недела, ќе работат и на модернизација на училиштата и овозможување квалиттна настава на сите ученици.

Би можело да ве интересира

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори

Јанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена – Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проекти

Предраг Петровиќ